| 
     Фото и видео галеријаВила Дионис се наоѓа во елитната туристичка населба Лагадин, на 7км од Охрид.
повеќе Вилата располага со двокреветни и трокреветни соби, студија (2+2) и апратмани, опремени со кабловска ТВ, мини бар, wi-fi интернет, клима, сопствено купатило и тераса со поглед на езерото и околните планини. Вилата има отворен базен со џакузи, сопствена плажа со лежалки веднаш до езерото, паркинг простор, две сидришта за чамци и глисери. Во склоп на вилата работи пица ресторанот Дионис, кој нуди разноразни специјалитети од националната и интернационалната кујна. Сместена помеѓу самиот брег на Охридското Езеро и планината Галчица, Вила Дионис е идеално место за одмор, каде што на гостите, покрај прекрасната плажа им се достапни и водни спортови, планинарење, возење со велосипед. Вила Дионис е одлично место за забава, фамилијарен одмор, помали симпозиуми и семинари. Повелете, посетете не. | Мапа | 







