ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ZK.MK ВЕБ-САЈТОТ ('Политика')
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: zk.mk постапувајќи во својство на Контролор во целост ја почитува приватноста на своите корисници и затоа преку оваа политика за приватност ги информира за начинот и целите заради кои се собираат, како ги користиме, обработуваме, откриваме и чуваме личните податоци кои секој Корисник ги дава слободно за време на користење на услугата.
Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Корисникот е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за користење и заштита на личните податоци. (во понатамошниот текст "Политика").
Собирањето и обработката на личните податоци се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Во секое време можете да стапите во контакт со zk.mk во врска со начинот на кој ги обрабтоуваме вашите лични податоци. Вашите прашања можете да ги доставите до:
Овластено лице за заштита на податоци (Офицер за заштита на личните податоци): Анжела Митреска Христова Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ Партизански Одреди 42/2 1000 Скопје Тел. број: 071382188 E-Mail: anzelah@zk.mk
Назив и адреса на контролорот: Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ Партизански Одреди 42/2 1000 Скопје Тел. број: +389 (0)2 3177 888 E-Mail: contact@zk.mk
Кои податоци ги прибираме, како и за кои цели го правиме тоа?
Вашите лични податоци ги добиваме директно од Вас преку регистрација во веб страницата и прифаќање на условите за користење на истата.
Ние секогаш ги обработуваме Вашите лични податоци за одредена цел, при што задолжителни се само податоците кои се неопходни за креирање на кориснички профил. Сите други податоци се собираат во доброволна основа од самиот субјект на личните податоци.
Обработката на вашите лични податоци се врши за: - За статистички потреби и оптимизирање на услугите што ги обезбедуваме, - За управување со нашите информатички ресурси, вклучително и управување со инфраструктурата и обезбедување на деловен континуитет, да ги оптимизираме и следиме нашите активности, - За да можете да креирате корисничка сметка на нашата веб страница, - За да ви овозможиме пристап до нашите услуги, - За да ви испраќаме анкети и други соодветни форми за пополнување - За директен маркетинг, ако сте дале согласност
Кои лични податоци ги обработуваме за вас?
- Име – задолжително - Корисничко име – задолжително - Лозинка – задолжително - Улица – по избор на корисникот - Држава – по избор на корисникот - Град – по избор на корисникот - Телефон – по избор на корисникот - Мобилен – по избор на корисникот
Во образецот за регистрација кој го пополнува Корисникот при склучување на договор, zk.mk јасно укажува на задолжителна или доброволна природа за доставување податоци и последиците од одбивањето истите да бидат доставени. Согласувајќи се со Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува дека корисничките информации може да се обработуваат согласно предвиденото во нив.
Покрај погоре наведените податоци, zk.mk преку користење на колачиња, веб-икони и слични технологии може да собира и дополнителни информации поврзани со посетата на Корисникот секогаш кога ја посетува веб страната. Овие Информациите се чуваат во лог-датотеки на Серверите на zk.mk и може да опфаќаат информации за веб-страници на zk.mk веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникот на zk.mk веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил преку Линкови кое се презентирани на zk.mk веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на zk.mk директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на zk.mk веб-сајтот, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на zk.mk веб-сајтот, итн. Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата "Поставки на колачиња" која се појавува како Pop Up кога го посетувате zk.mk. За повеќе информации ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња”.
Јавно достапни содржини. Кориснички содржини
Корисничката содржина (која содржи или не содржи лични податоци), а која Регистрираниот корисник ја објавува на веб-сајтот, како и сите информации кои тој ги доставува при користење на Услугите (како што се имињата, локација, e-пошта, фотографии, телефонски броеви, датум на раѓање, информации за профили во социјални мрежи), се јавно достапни на zk.mk веб-сајтот и Корисникот се согласува со нивно откривање, едноставно со нивното објавување на zk.mk веб-сајтот.
Zk.mk ги прибира и ги користи личните податоци за целите кои се наведени во Условите за користење и оваа Политика, како што се обезбедување на услуги, обезбедување пристап и контрола на неговата/нејзината Корисничка сметка, исполнување на неговите обврски во согласност со закон, остварување и заштита на неговите/нејзините законски заштитени права и правни интереси, понуда на стоки и/или нови услуги понудени од трети лица, промоции, барање за организирање, анкети и испитувања за статистички цели.
Услуги поврзани со трети страни
Zk.mk може да им овозможи на трети страни, како Facebook, да објават на своите веб-сајтови јавно достапни содржини од компании, здруженија, установи и професионалци на zk.mk веб-сајтот.
Покрај тоа, по своја воља, Корисникот, на Zk.mk веб-сајтот може да сподели (преку Facebook-услугата за поврзување, на пример) информации кои се јавно достапни на други веб-сајтови, вклучувајќи и информации за поврзаност на Корисникот со други веб-сајтови (на пример, пријатели и листи на контакти). Оваа политика не се применува за информации за Корисникот и неговите/нејзините пријатели кои се зачувани на други веб-сајтови. Собирањето, складирањето, заштитата и обработката на тие информации е предмет на условите на тие - други веб-сајтови. Доколку Корисникот не сака неговите/нејзините пријатели, контактите и другите информации за Корисникот што се достапни на другите веб-сајтови да бидат достапни на Zk.mk веб-сајтот, тогаш Корисникот има можност да ги измени подесувањата за приватност на неговиот/нејзиниот кориснички профил на другите веб-сајтови.
Социјални мрежи
Друштвени јавни области
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се коментари или мислења. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој хотел како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот коментар или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што вие доброволно сте ги изложиле, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивното мислење или коментар.
Најавување преку социјални мрежи (Facebook, Google Plus)
Zk.mk им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. Корисникот може да креира сметка на zk.mk односно да се најави на zk.mk веб сајтот преку својот профил на социјалните мрежи на Facebook и Google.
Спротивно на тоа, ако моментално немате сметка на zk.mk и сакате да се најавите преку социјална мрежа најпрво ќе биде побарано да ги внесете Вашите податоци за логирање од социјалната мрежа, а потоа ќе ви биде креиран профилот на zk.mk со податоците од Вашиот профил на социјалната мрежа. Ве молиме подесете кои податоци сакате да ги споделите од Вашиот профил во подесувањата на социјалната мрежа каде ви е регистриран профилот. Со поврзувањето на zk.mk преку социјална мрежа, вие се согласувате дека ни давате пермисии да имаме увид врз информациите од Вашиот профил на социјалната мрежа.
Доколку сакате да го избришете Вашиот профил на zk.mk
Со кого ги споделуваме вашите информации?
Јавна содржина
Zk.mk има право на zk.mk веб-сајтот да дистрибуира и доставува јавно достапни содржини, вклучувајќи ги сите Кориснички содржини на лица кои се поврзани на zk.mk, неговите деловни партнери и сите други трети лица, а Корисниците разбираат и се согласуваат дека тие трети лица можат да ја објават Корисничката содржина на нивните веб-сајтови или медиумски платформи. Тие треба да го посочат Корисникот како извор на таа Корисничка содржина и на нивната сметка да прикажат и наведат јавно-достапни информации, како што се имиња и фотографии.
Лица кои ги обработуваат податоците во име на zk.mk (Обработувачи)
Со цел да се изврши техничка поддршка и администрирање на zk.mk веб-сајтот и информациите да се обработуваат заради статистики и маркетинг цели, при вршење тестирања и сондажи за работата на zk.mk веб-сајтот, кога се прават плаќања и се користат други услуги поврзани со zk.mk веб-сајтот, личните податоци за Корисникот може да им се откријат и да се обработуваат од трети лица на кои zk.mk им ја доделил изведбата на одредени услуги поврзани со zk.mk веб-сајтот. Овие податоци ќе бидат откриени и соодветно обработени само до одреден степен и обем, кој е неопходен за да се изврши доделената работа. Соодветно на тоа, тие трети лица ќе дејствуваат како обработувачи во име на zk.mk. Обработувачите работат исклучиво врз основа на дадените упатсва на контролрот и се запознаени дека податоците се предмет на Законот за заштита на лични податоци. Дополнително, контролорот склучува договор со сите обработувачи, во кои се предвидени и правата и обврските кои произлегуваат од законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти.
Овие лица ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само и единствено согласно строгите упатства на zk.mk и ќе немаат право личните податоци на Корисниците да ги користат или обработуваат на кој било друг начин за други цели, освен за целите што се наведени во Условите за користење и оваа Политика.
Откривање и пренос на личните податоци
Zk.mk се обврзува да не открива какви било лични податоци и други информации за Корисникот или за неговото/нејзиното користење на Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица - надлежни органи, компании, поединци и други, освен: - кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење или кога корисникот ќе даде јасна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна; - кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на zk.mk; - кога информациите ги бараат државните органи, судски власти или службени лица, кои согласно важечкиот закон се овластени да бараат и прибираат такви податоци во согласност со законските процедури и прописи; - кога откривањето на личните податоци од страна zk.mk е неопходно заради заштита на правата, правните интереси и угледот на zk.mk, т.е кога тоа е поврзано со лицата од zk.mk или Корисниците; - кога информациите им се откриваат на вработените или соработниците на zk.mk заради активности поврзани со администрирање на zk.mk и користење на Услугите; - во други случаи утврдени со прописите за заштита на лични податоци.
Податоците на веб страницата се хостирани на севери на Амазон во Луксембург (Европска Унија). Во согласност со законот ова се смета за пренос на личните податоци во земјите на Европската Унија/ ЕЕП. Со оваа политика Ве известуваме дека податоците кои ги внесувате во нашата веб страница се пренесуваат во Луксембург, земја членка на Европската Унија. Пристап до податоците имаа исклучиво контролорот, односно овластените лица кај контролорот.
Како ги чуваме сигурни вашите информации?
Политика за лица под 14 години
Zk.mk веб-сајтот не е наменет за лица под 14 години. Zk.mk нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат Р3 Инфомедиа.
Колку време ги чуваме вашите лични податоци?
Вашите лични податоци кои ги внесувате при регистрација се чуваат до моментот кога го деактивирате вашиот профил или кога ќе поднесете барање за бришење на податоците. Во секој случај Zk.mk ги обработува вашите лични податоци во согласност со начелото за ограничување на рокот за чување, не подолго од потребниот период за исполнување на целите на собирање на одатоците.
Сигурност на податоците
Zk.mk обраќа големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи за таков случај. Во таа смисла, zk.mk ги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се: - право да бидете информирани за обработката на личните податоци - право на пристап до личните податоци - право на исправка и бришење на личните податоци - право на ограничување на обработката на личните податоци - право на приговор
Како корисниците можат да побараат бришење на нивните податоци? Субјектот има право да побара исправка, дополнување или бришење на неговите/нејзините Лични податоци и право на приговор на обработката на податоците Субјектот на податоците има право да се исправат неговите/нејзините неточни лични податоци без непотребно одлагање. Во зависност од целта на обработката, субјектот на податоците има право да ги пополни своите нецелосни лични податоци, што вклучува обезбедување дополнителна изјава. Субјектот на податоците има право да побара неговите/нејзините лични податоци да бидат избришани од zk.mk. Ние сме обврзани да ги избришеме личните податоци без непотребно одложување, а најкасно во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, доколку:
Ние сме должни да ги информираме сите примачи на кои им се откриени личните податоци за каква било исправка или додавање или бришење на личните податоци или ограничување на нивната обработка во согласност со Законот или барање прекумерно трошење време и ресурси. Ние сме должни да го информираме субјектот на податоци, на негово барање, за сите примачи.
Субјектот на личните податоци има право да ги прими личните податоци што претходно ни ги доставил во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма и има право да ги пренесе овие лични податоци на друг контролор без мешање од наша страна, доколку кумулативно се исполнети следните услови:
Обработката на лични податоци може да биде ограничена од zk.mk, доколку се исполни еден од следниве случаи:
Доколку смета дека тоа е оправдано во однос на конкретната ситуација во која се наоѓа, Субјектот на лични податоци има право да поднесе приговор за обработката на неговите лични податоци во било кое време, во согласност со Законот. Субјектот на лични податоци има право да не се применува врз него/неа одлука донесена исклучиво врз основа на автоматска обработка, вклучително и профилирање, доколку таа одлука произведува правни последици за тоа лице или таа одлука значително влијае на неговата положба. Во случај да сакаш да ги оствариш твоите права, вклучително и правото на бришење на Лични податоци те замолуваме да испратиш e-mail со барање на е-mail адресата: anzhela@zk.mk или contact@zk.mk. Доколку сакате да ги избришете вашите лични податоци што ги собравме, следете ги овие чекори: 1. Испратете е-пошта на anzhelah@zk.mk или contact@zk.mk со наслов „Барање за бришење податоци“. 2. Вклучете го вашето полно име, адреса на е-пошта и сите други детали што можеби ќе ни требаат за да ги идентификуваме вашите податоци. 3. Нашиот тим ќе го потврди приемот на вашето барање и ќе започне да го обработува во рок од 30 дена. За какви било прашања или дополнителна помош, можете да го контактирате нашиот службеник за заштита на податоци, Анжела Митреска Христова, на anzelah@zk.mk.
Доколку сакаш да разговараш директно со нас, можеш да не контактираш на:
Р3 ИНФОМЕДИА, тел: +389 (0)2 3177 888 e-mail: contact@zk.mk бул. Партизански Одреди бр. 42/2, Скопје, Северна Македонија За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Анжела Митреска Христова на следниов e-mail: anzelah@zk.mk
Доколку сметате дека некое ваше право е повредено при обработката на вашите лични податоци можете да се обратите до надлежниот орган за заштита на личните податоци во нашата земја, преку доставување на барање за утврдување на правото за заштита на личните податоци линк: https://dzlp.mk/node/3274 .
Надлежен орган: Агенција за заштита на личните податоци Бул.„Гоце Делчев“ бр.18 Скопје Е-маил: info@privacy.mk
Последно променето на: 11.09.2024 | Се зголемила вредноста на минималната синдикална кошничка. Без 1.000 евра едно семејство со четири члена не може да го помине месецот. Минималната кошница за ... Од полноќ поскап дизелРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени ... Лагард: ЕЦБ е многу блиску до постигнување на целта за инфлацијатаПретседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард изјави дека еврозоната „се приближува“ до постигнување на среднорочната цел на централната ... ПАРИТЕ СЕ ПОБЕЗБЕДНИ ВО БАНКА ОТКОЛКУ ДОМА, А ИМА И ГАРАНЦИЈА ЗА НИВ – Анкета на Фондот за ...Време зa читање: 3 минути Банките се безбедно место за чување на вишокот пари, а за нив гарантира Фондот за осигурување на депозитите – се изјасниле ... МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и ...АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV далекувод од ТС Битола 2 до ... ПО МАЛО ЗАТИШЈЕ, „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ ПОВТОРНО „ЗДРМА“ СО ДВА БЛОКА - продадени 3,32 отсто за 2,7 ...По своевидно затишје, денеска повторно поминаа блок трансакции со акциите на „Македонијатурист“. Станува збор за два блока, преку кои во првиот за однапред ... |