Споменик на Ѓорче Петров


  • Адреса: кружен тек Ѓорче Петров
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7494 км
  • Локација: Ѓорче Петров
Дејности:

споменици



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Слика од локација

    Фото и видео галерија

    Ѓорче Петров(2 април, 1865, с. Варош, Прилепско - 28 јуни, 1921, Софија, Бугарија)бил професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип и Скопје каде соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија.

    Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Член на Централен комитет на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО.

    Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897–1901).
    Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес. На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник во Софија.

    Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма.
    Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција.

    Убиен по наредба на Тодор Александров.

    Споменикот на Ѓорче Петров се наоѓа на кружниот тек во истоимената населба во Скопје.
    повеќе
    Слика од локација
    Мапа

    Повеќе од 5.000 граѓани од Македонија, Србија и од Албанија се изјасниле дека сакаат да работат во една од трите земји на Отворен Балкан преку системот за ...
    сите 45 | | | веќе видена

    Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на ...
    сите 106 | | | веќе видена

    Лани се регистрирани 32.971 трансакција за продажба и закуп на недвижнини. Од нив 23.545 се за купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот. Ова ...
    сите 18 | | | веќе видена

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи