РСМ Македонија

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Даме Груев 8/5
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7499 км
  • Локација: Дом на воени инвалиди, 5-ти кат

  • Телефон 2: 02 3233302
  • Факс: 02 3216186
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1450085534_75.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Друштвото за ревизија РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје нуди сметководствени услуги на клиенти кои имаат потреба за меѓународно известување и истовремена усогласеност со локалната законска регулатива. Друштвото нуди финансиско известување во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување МСФИ/IFRS за локални потреби како и кон поврзани компании.

Спојувајќи го искуството од ревизијата и сметководството, РСМ Македонија постојано ја надградува експертизата со најновите добри практики во двете области.

Услуги кои РСМ Македонија ги нуди во областа на сметководството:

-Водење деловни книги (производни, трговски, услужни и други дејности)
-Подготовка на извештаи во согласност со МСФИ (за локални потреби и за централи на мултинационални компании).
-Имплементација и консалтинг за ИТ Системи
-Подготовка на сметководствени и други политики

РСМ Македонија е овластен регистрационен агент во ЦР на РМ и ги извршува услугите во делот на основање на фирми.

Друштвото за ревизија РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје, покрај лиценца за ревизија и сметководство, поседува и лиценци за:

- Судско вештачење од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење
- Процена на трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, недвижен имот и транспортни средства, подвижен имот, машини и опрема, индустриска сопственост, земјоделие.

Покрај вршење на работите врз основа на лиценци, РСМ Македонија обезбедува и услуги на деловен и менаџмент консалтинг, даночен консалтинг, финансиски консалтинг, консалтинг во усовршување на системот на интерно-сметководствени контроли и на системот на сметководство, организација и воведување на интерна ревизија, консалтинг при воведување на информациони системи, и друго.

Друштвото за ревизија РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи