| 
     Сместени сме во срцето на природата во општина Ранковце оддалечени на 40 км од Куманово на патот што води кон Крива Паланка, а 70 км од Скопје. При влегување во општината Ранковце се свртува лево по патот за селото Герман, од тука ресторанот е оддалечен 4км.Се простираме на површина од 7 хектари - доволно простор за прошетка, рекреација и одмор. Освен ресторанот на оваа површина се простираат и соби за одмор, езеро, мини зоо и секако голем број стази за прошетка низ прекрасната недопрена природа.
повеќе За да вашиот престој во ресторанот биде попријатен за најмалите имаме подготвено посебно катче во кое може да се играат и уживаат дружејќи се заедно. Ресторанот Ранч може да го задоволи вкусот на секој гост, почнувајќи од љубителите на специјалитети од месо до оние кои уживаат во свежо подготвената риба. Обединуваме традиција и модерен пристап кон готвењето, креирајќи уникатни и вкусни јадења. | Мапа | 
