Мис-Х


  • Адреса: Унгарска 25
  • Место: Кочани
  • Оддалеченст: ≈7570 км

  • Телефон 2: 033 270141
  • Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 16:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1457521207_72.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Ние сме компанија за Производство на Електрични Цевни Грејачи, лоцирани во Кочани, и сме единствена Фабрика во Македонија од ваков тип што имаме целосен и заокружен процес на производство на електрични грејачи.
Располагаме со најквалитетна опрема за производство на електрични цевасти грејачи од светски познатиот Шведски производител - КАНТАЛ, со годишен капацитет за производство од преку 220.000 парчиња.

Ваквата опрема комбинирана со нашиот високостручен кадар и огромните 25 години искуство во ова поле на работа придонесоа да нашите производи се одликуваат со врвен квалитет, во согласност со нашето главно мото двигател на нашиот развој: КВАЛИТЕТ И КОНКУРЕНТНОСТ.

Произведуваме цевни грејачи, патронски грејачи, појасни грејачи, керамички грејачи, галвански грејачи и други пратечки грејни елементи,
Цевните Грејачи ги изработуваме од висококвалитетни иноксни цевки, со две варијанти на финален пречник на грејач кој може да биде Ф6,5мм, и Ф8,5мм., а должината на грејачот во развиена форма може да се движи од 100мм. до 5000мм., а потоа обликувани во најразновидни илјадници форми и типови на грејачи.

Како асортиман на грејачи огромна е листата на производи од нашето производство што се употребуваат во најразлични средини - медиуми на работа: (воздух, вода, масла, киселини, разни флуиди и други), но главно би ги ставиле во три категории:
- Грејачи за домакинство и широка потрошувачка
- Грејачи за Угостителска опрема и Пекарство
- Грејачи за Индустрија и Специјална намена

Нашиот приоритет е да нашиот купувач во најкраток можен рок добие најквалитетно решение по мерка, што значи дека нашето производство е флексибилно и ориентирано кон сите стандардни, а истовремено и кон сите спечифични барања на потрошувачите . Доволно е да ни доставите цртеж, примерок (мустра), или ваша замисла (идеја), за она што ви е потребно и нашиот стручен тим ке изработи соодветен готов производ, најдобар за вашите потреби.
За се што ви е потребно од било какви електрични грејачи, слободно контактирајте не, со задоволство ви стоиме на располагање.

Контактирајте не за повеќе информации на телефонот 070 920756, нашиот тим од врни порфесионалци ви стои на располагање.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи