Кодинг 2

Работиме 6 дена во неделатаWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Шарпланинска, Новоселски пат б.б.
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7493 км
  • Локација: Новоселски Пат

  • Телефон 2: 02 2039891
  • Факс: 02 2045181
  • Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 15:30
    Саб од 09:00 до 13:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1622018731_18.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Кодинг 2 е компанија која се занимава со трговија на водоводни и канализациони материјали.

Што ние Нудиме?
• ROCA SPAIN Главни увозници сме на голем број на модели и бои на санитариски елементи со врвен квалитет, широк асортиман на разновидни елементи и аксесоар за ентериерно уредување и зголемена функционалност во просторот. PESTAN, ППР ПВЦ И ХДПЕ цевки и фитинг по најповолна цена и најдобар квалитет висококвалитетни цевки, фитинзи, вентили, сливници и дополнителни материјали за одвод и довод во сите димензии.

• Леов бојлери - Веќе долго време познати сме како диструбутери на производите на ЛЕОВ, ниско и високо монтажни бојлери од 10 литри како и 50 литри, 80 литри па и 100 литри; не само тие производи туку и кварцни греалки, решоа за домаќинство.

• РЕМС - Професионален рачен и електричен алат - Како Кодинг 2 повеќе од 15 години сме увозници на професионалниот алат РЕМС. Голем број објекти се изведувани токму со овој алат, клупни, машини за режење на навој, пегли за лепење на ППР цевки и фитинг, друк пумпи рачни и електрични, алат за виткање и проширување на бакарни цевки, алат за сечење на поцинкувани и бакарни цевки и многу друго..

Со својата успешна работа и соработка со голем број странски компании, компанијата успеа да опстане на овие простори повеќе од 15 години. Успеавме да ја зацврстиме нашата позиција и да делуваме на овие простори доста ефективно и ефикасно, се со цел да им обезбедиме на нашите клиенти голем избор на водоводни и канализациони материјaли. Располагаме со простор од над 4000 м2 надворешен простор и 1000 м2 внатрешен (магацински простор), а тоа е повеќе од доволно за да складираме и обезбедиме безбедно чување на нашите материјали.

Пред три години е отворен и нашиот ББК Маркет, стациониран во Порта Влае, како одговор на потребите на потошувачите и пазарот. Веќе три години функционираме добро со тенденција на ширење и одговорни сме за задоволството на нашите потрошувачи. Во нашите 400 м2 изложбен салон и 200 м2 магацински простори може да се најде се што е потребно за вашата бања.

Изложбениот салон Кодинг-Галери Рока се наоѓа во ТЦ Порта Влае кај Баду Бар. Работното време на изложбениот салон е од 9-16 часот од Понеделник до Петок, а во Сабота од 09-14 часот. Телефон: 071 266 980
повеќе

Видете ги нашите производи на
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи