Клин Кат Сервис-Clean Cut Service CCS


  • Адреса: Миле Поп Јорданов 5-а
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7498 км


    //1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1601374725_44.png?t=true&w=300&h=300


    Фото и видео галерија

    Клин Кат Сервис Дооел, е новоформирана компанија која според досегашните показатели заслужено зазема место во категоријата брзо растечка компанија.

    Основна дејност на нашата компанија е професионално чистење и одржување на хигиена на ентериери и екстериери на деловни, јавни и станбени простории и објекти.

    Потребата на пазарот на услуги и хигиена, за квалитетен и посветен партнер, ја поттикна нашата идеја за формирање на компанија од ваков профил.
    Нашето генерирачко мото “Тука сме за да направиме разлика“ не е случајно избрано и ќе претставува наша трајна определба. Тоа ја дефинира насоката по која се движиме.

    Точна, квалитетна, професионална и финансиски прифатлива услуга, се карактеристики за кои целиме да ги добиеме од задоволните клиенти.

    Високиот степен на квалитет на понудените услуги, се стремиме да го достигнеме секојдневно, со стручниот тим и современата опрема, по највисоките светски стандарди во оваа област.

    Нашиот тим го сочинуваат високо квалификувани лица. Нивната безбедност претставува наш приоритет. Целта ја постигнуваме со нивна постојана едукација која резултира со безбедна употреба на еколошки потврдени средства, при работата за достигнување на високо поставените критериуми за извршување на работните задачи.

    Тимската работа е методот кој го користиме за сите задачи да ги извршуваме во договорениот рок и начин со препознатлив квалитет.
    Нашата крајна мисија корелира со визијата да прераснеме во сериозен и долгорочен партнер на нашите клиенти и да го подигнеме критериумот за квалитет.

    ВИДОВИ НА УСЛУГА

    -Деловни простории
    -Јавни простории
    -Станбени простории
    -Итни интервенции
    -Специфично чистење
    повеќе
    Мапа

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи