ДПУТ “ТМ” ДОО Штип е основана во 2003 година, со седиште на ул. Струмички пат 9-ти км бб во Штип, Република Македонија.
Основната дејност на претпријатието е проектирање, надзор и монтажа на електроенергетска опрема и објекти од низок и среден напон.
Претпријатието има хала за монтажа на производи, работилница за одржување и магацински простор, со вкупни 700м². ДПУТ “ТМ” ДОО Штип има 24 вработени од кои 5 со високо образование и 19 со средно образование.
Застапник во регионов од 1996 на еден од водечките светски производители на дизел агрегати, ФГ Вилсон (FG WILSON) од С. Ирска, со листа на корисници вредна почит заради специфичноста на опремата и пазарните услови. Консултации за дефинирање на потребите и за оптимално решение за секој корисник, инсталација и после-продажна грижа - одржување според потребите на корисникот.