| 
     Слика од локација  Енергија е компанија чија основна дејност опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн. Ладилна опрема во индустријата: ладилници за храна, тунели за замрзнување на разни продукти, кланици, млекарници, пивари, винарии, хемиска индустрија итн.
повеќе Во Енергија можеме да ви ги понудиме следниве производи и услуги: • Опрема за греење, ладење, климатизација и вентилација • Проектирање на системи за греење, ладење и климатизација • Редовно одржување и сервис на опрема за греење, ладење и климатизација Тимот на Енергија ви стои на располагање за испорака на голем опсег на опрема од светски реномирани производители на: • чилери / топлински пумпи • вентилоконвектори • клима уреди (инвертер и fixed speed изведба) • клима комори • VRF системи • опрема за ладење во ладилни комори Енергија доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Во Енергија водиме сметка за потребите на своите клиенти, ги слушаме нивните потреби и заеднички соработуваме да го достигнеме најдоброто решение. Тимот на Енергија ви стои на располагање околу вашите планови за набавка на опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и), вентилаторски конвектори (fan coil), клима комори, клима уреди, топлински пумпи, компресори за индустриско ладење, кондензатори итн. Мисија: Обезбедување врвна услуга за нашите клиенти земајќи ги во предвид сите апсекти од секојдневното работење и добивање на квалитетно и ефикасно решение во областа на греење, ладење и климатизација со ниски инвестициони и експлоатациони трошоци. Визија: Ние сме насочени кон постигнување на врвни перформанси, и целиме кон постојан пораст и подобрување на позицијата на пазарот. Во Енергија веруваме дека животот е постојана трка кон нешто подобро во она што го работиме, затоа ние сме посветени во нашата работа која овозможува цврста и лојална врска со нашите клиенти. | Слика од локација  Мапа | 



