Елемент мебел


  • Адреса: Маршал Тито, с.Брвеница
  • Место: Тетово
  • Оддалеченст: ≈7470 км


    //1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1734008187_47.png?t=true&w=300&h=300


    ЕЛЕМЕНТ МЕБЕЛ е компанија специјализирана за производство на плочест мебел која го започнува патот во 2002 година. Со повеќе од две децении искуство и сопствена технолошки развиена производствена линија, нудиме широк асортиман на мебел кој ги задоволува сите ваши потреби.

    Водени од идејата за понуда која ќе биде доволно широка, денес со севкупните производни капацитети имаме можност да ги реализираме сите ваши идеи и замисли за еден перфектно уреден простор. Нашиот тим секој ден работи на автентични парчиња мебел кои ќе го исполнат секој дом или работен простор.

    Производи: спални соби, детски соби, кујни, комоди, претсобје, канцеларски мебел. Нудиме персонализирани решенија - со помош на сертифицирани архитекти и дизајнери, како и стручен тим на монтери со знаење и искуство, кроиме и изработуваме мебел по мерка, со врвен дизајн, одличен квалитет и единствен стил.

    Имаме изложбен салон во Брвеница на адреса Маршал Тито бб, каде во пријатен амбиент љубезно ќе ве пречекаат и ќе ви помогнат во изборот. Постигнуваме успех нудејќи квалитетен мебел и имаме верни купувачи кои тоа го препознаваат и повторно се враќаат кај нас.
    повеќе
    Мапа

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи