Дом за стари лица Панорама


  • Адреса: ул.1 бр.201
  • Место: Скопје


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1703836449_05.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Нов модерен, комфорен, пријатен и топол дом за стари лица "Панорама".

Изграден по најнови стандарди за удобно и соодветно живеење на стари и изнемоштени лица.
Домот за стари лица "Панорама" се наоѓа настрана од градската бучава, гужва и загаденост, каде може да уживате на чист воздух, во тивка и пријатна средина соодветна за третото доба, во Општина Сопиште, Добри Дол.

Ние Ви нудиме 24 часовна нега на стари и изнемоштени лица од страна на негуватели, медицински персонал со цел секојдневно да се одржи и унапреди квалитетот на животот и здравјето на нашите корисници.
За социјализација, за да се чувстуваат среќно, исполнето и задоволно се грижи социјален работник кој секојдневно работи групно и индивидуално со нашите корисници според соодветните потреби, здравствени состојби, желби и расположение на секој од корисниците.

Кај нас може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Водно, од каде и потекнува името на нашата установа.
Панорама нуди квалитетно сместување и услуга во еднокреветни, двокреветни и трокреветни апартмани за Вас или Вашите најблиски, опремени со сопствени тоалети,
смарт телевизори, интернет и СОС тастери за повик соодветно прилагодени според Вашите потреби.

Повелете посетете нè!

За повеќе информации контактирајте нè на 070/379-324 или 070/384-445.
повеќе

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи