Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 17:00 • Саб од 08:00 до 16:00
Дозволете да Ви ја претставиме новата линија на производи од бетон, која е ЕДИНСТВЕНА во Македонија. Нудиме комплетирана програма на бетонска галантерија која е во можност да ги задоволува до најголема мера Вашите потреби за поплочување и декорирање на Вашите екстериери. Што се однесува на технологијата, таа е автоматизирана и приспособена за постигнување на квалитет и особини на производите кои се во согласност со новите европски стандарди од оваа област.
Располагаме со големи експлоатациони резерви на квалитетен камен (ВАРОВНИК), кој има широка примена во градежништвото, производството на вар, производство на микрогранулати за потребите на хемиската индустрија.