Тонери МК


  • Адреса: Методија Шаторов Шарло (Руди Чајевац) 4-б
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7501 км


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1720008745_87.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Ние сме компанија која ви обезбедува на висококвалитетни тонери, принтери и сервис. Обезбедуваме вашите принтери и копири секогаш да работат беспрекорно и да произведуваат чисти копии. Во секој момент можете да сметате на нашите квалификувани сервисери за редовно сервисирање и одржување на вашите уреди.

Нашата понуда за вас:

- 2+1 тонер ГРАТИС Ако имате HP или Canon принтер и трошите 2 до 3 тонери годишно, оваа понуда е за вас! За купени 2 тонери добивате 1 тонер гратис, плус бесплатен сервис за вашиот принтер. Со секоја нарачка добивате код, а со 6 добиени кода добивате ГРАТИС ПРИНТЕР!
- 6+1 месец ГРАТИС Ако принтате умерено (2-3 тонери месечно), со договор од 6 месеци добивате еден месец гратис. Тоа значи дека седмиот месец ќе добиете тонери во вредност од средната месечна вредност на порачуваните тонери во изминатите 6 месеци. Плус, бесплатен сервис!
- NEVERSTOP Ако принтате многу и ви требаат принтери, или имате тековни проблеми со принтери, имаме одлична можност за вас! Добивате принтери на кој принтате неограничено со постојана техничка поддршка и бесплатен сервис. Ние се грижиме да нема застој во вашата работа!

Доколку имате посебни барања, слободно барајте не’ и ќе го договориме најдоброто за вас.

Ви треба тонер? Нудиме оригинални, компатибилни и репарирани тонери изработени со најквалитетни репроматеријали и со сертификат за квалитет. Гарантираме фабрички број на изработени копии. Нашето едноставно решение нуди оптимален однос на квалитетот, бројот на копии и исклучително поволна цена. Во зависност од типот на тонер/кертриџ, можете да добиете до 60% повеќе копии, а цената и натаму да биде пониска од онаа на конкуренцијата, додека вашиот уред ќе има продолжен век на работа. Имаме тонери од брендовите: Hp, Canon, Brother, Lexmark, Kyocera, OKI, Samsung, Sharp, Toshiba, Ricon, Sagem, Fujitsu, Epson, Xerox, Sanyo, Panasonic...

Ви треба сервис? Нашиот тим е составен од стручни и сертифицирани сервисери со долгогодишно искуство во дијагностика, сервисирање и одржување на фотокопири, принтери и мултифункциски уреди од сите брендови. Времето на реагирање во случај на дефект:

- максимум 2 часа во Скопје и
- во рок од 24 часа било каде во Македонија

Нудиме оптимизација на трошоците за печатење на вашата компанија и бесплатни совети за избор на потрошен материјал за да се обезбеди најниска цена на принт, како и избор на најповолен печатач или мултифункциски уред според вашите потреби.
Нашата работа низ бројки:
• 600+ задоволни компании
• 70,000+ репарирани тонери
• 400+ изнајмени принтери
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи