Statue of Pavel Shatev


  • Address : Porta Makedonija
  • Place: Skopje
  • Distance: ≈7499 км
  • Location: At Porta Makedonija
Categories:

monuments



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Photo of Location

    Photo & Video Galery

    Павел Шатев (Кратово, 15 јуни 1882 - Битола, 30 јануари 1951) е истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атенатори. Подоцна станува еден од основачите на ВМРО, а по ослободувањето на Македонија - прв министер за правосудство.

    Основното училиште го завршува во родниот град, а потоа се запишува во прогимназијата во Скопје. Натаму, во 1896 година своето образование го продолжува во Солунската бугарска гимназија.

    Истовремено се приклучува на Гемиџиите. Тие во април 1903 година ја изведуваат својата акција во Солун, копнеејќи за еден друг свет во кој сите ќе живеат слободни и рамноправни.

    Уапсен е и на судскиот процес на 6 јуни 1903 година е осуден на смртна казна.
    Во 1908 година, по Младотурската револуција, добива амнестија и повторно доаѓа во Солун.
    По кусиот престој во Македонија, заминува во Брисел.

    Во декември 1921 година, на Основачкиот конгрес на Македонската емигрантска федеративна организација е избран за нејзин претседател.
    Воспоставува соработка со претставниците на Коминтерната и СССР во Софија и од 1923 година станува професионален разузнавач за СССР.
    Игра важна улога во потпишувањето на Мајскиот манифест, а од 1925 година активно учествува во дејствувањето на ВМРО (Обединета).

    Во ноември 1941 година е уапсен од бугарската полиција, а во јуни 1942 година на големиот судски процес против комунистите е осуден на 15 години затвор.

    По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година се враќа во Македонија и се вклучува во политичкиот живот. На Второто заседание на АСНОМ, одржано на 30 декември 1944 година, е избран за член на Президиумот на АСНОМ, а во април 1945 година станува прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија.

    Шатев влегува во судир со комунистичкото раководство на Македонија. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Шатев застанува на страната на советската партија. На 1 октомври 1948 година, заедно со Панко Брашнаров, до ЦК на Советската комунистичка партија упатува доверливо писмо во кое се тврди дека „прашањето за обединување на македонскиот народ уште од самиот почеток се поткопа поради неговото неправилно поставување од страна на ЦК КПЈ во смисла обединета Македонија да се присоедини кон ФНРЈ, без да се води сметка за посебните, специфични услови, ниту за братските соседни земји...“

    На 16 јуни 1949 година Шатев е уапсен „како непријател на државата“ и набрзо, на 27 јуни, му е одземен пратеничкиот имунитет. Набрзо се разболува и, бидејќи не му било дозволено да се лекува, починува во јануари 1951 година.

    Споменикот на Павел Шатев е лоциран до Порта Македонија, на плоштадот Пела.

    more
    Photo of Location
    Map

    Иселениците Митре и Софи Кутановски не и се непознати на македонската јавност, Тие се дел од проектот „Македонија 2025“, а ја поседуваат и фондацијата ...
    сите 2 | | | веќе видена

    Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, цените на златото и пченицата паѓаат, како и цената на нафтата од типот брент, која се продава за помалку ...
    сите 39 | | | веќе видена

    Login on Golden Page

    UsernamePassword



    New user ? | Forgot your password? | Cancel