Гео–Компас е компанија која е основана во 2019 година, но со себе носи тим од професионалци кои имаат над 15 години работно искуство во областа на геодезијата и катастарот. Компанијата работи во областа на геодезијата, катастар, вештачења, проценка на недвижности, инженерска геодезија, индустриска геодезија.
Со својот професионален тим нуди стручни и целосни решенија за проблематики во областа на катастарот, геодезијата, судските вештачења во областа на геодезијата, проценките на недвижности.
ЦВЕТКОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ претставува компанија која обезбедува секаков вид на геодетски услуги кај кои се бара исклучително ниво на квалитет, доверливост и висока точност.
Нашиот приоритет е Клиентот да биде поставен на највисок пиадестал.
Геодезијата за нас не е новина. Искусниот тим составен од исклучителни луѓе секогаш е спремен за предизвиците кои ги носи секојдневниот ангажман.