www.goldenpages.bg и www.zlatnakniga.com.mk заедно ги прошируваат услугите во Бугарија и МакедонијаДвата најсеопфатни бизнис адресари во Бугарија и Македонија потпишаа договор за партнерство и лансираа услуга за прикажување на огласите на бугарските компании на македонските корисници и македонските компании на бугарските корисници.
Новата взаемна услуга им нуди можност на корисниците од Македонија и Бугарија да пребаруваат добавувачи на производи и услуги преку граница, а тоа им овозможува на бизнисите во двете држави да се промовираат пред потенцијалните клиенти во другата држава поевтино и полесно. Целосната база на податоци на Златна Книга (Македонија) и Златни Страници (Бугарија) ќе им биде достапна на луѓето при пребарувањето во локалниот веб адресар.
Коментирајќи на договорот, Ник Саундерс, CEO на Golden Pages - Бугарија вели, “Ова е уште еден пример за вредноста што им ја овозможуваме на фирмите и корисниците во Бугарија. Ние постојано бараме нови начини да им помогнеме на фирмите да добијат нови клиенти, и олеснувајќи им да се рекламираат во Македонија можеме да придонесеме за развој на нивниот бизнис. И потрошувачите сега имаат лесен начин да најдат добавувачи во Македонија.” Владимир Вецовски, Генерален Директор во Р3 Инфомедиа – Македонија вели, "Ни претставува задоволство што соработката со Златни Страници ни овозможува на нашите клиенти да им понудиме можноста да привлечат нови клиенти од Бугарија. Сигурни сме дека и на корисниците ќе им се допадне можноста да имаат лесен пристап до сите Бугарски производи и услуги преку доверлив извор како што е Златна Книга. Верувам дека постојат бројни можности за фирмите од двете држави да имаат добивка од соработката со соседната земја и ние сакаме да го направиме првиот чекор, нудејќи информации за македонските бизниси во Бугарија, и на бугарските бизниси во Македонија".
Golden Pages е водечки бизнис адресар во Бугарија кој од страна на Бугарите се проценува како најсеопфаетн, доверлив и корисен извор за бизнис информации во државата. Повеќе од 375,000 луѓе ја посетуваат www.goldenpages.bg месечно пребарувајќи над 100,000 фирми.
Златна Книга е водечки бизнис адресар во Македонија избран за Супербренд за Македонија за 2009 година. www.zk.com.mk е една од 40-те најпосетувани локални веб страни во Македонија и е достапна на македонски, англиски и албански јазик.
| Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на ... ЕКОНОМСКИ СТРУЧЊАК ИЗНЕСЕ МРАЧНА ПРОГНОЗА ЗА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР - уште позагрижувачки се ...Загриженоста за можна рецесија расте додека трговците и аналитичарите го проценуваат потенцијалното влијание врз глобалниот економски раст. Долгогодишен ... Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски дел од 28-миот Евроазиски Економски Самит во ИстанбулДиректорот Гоце Димовски како дел од владината делегација предводена од министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, заедно со Викторија Трајков, ... УЈП: Фискалните каси да имаат точни адресни податоци и редовно да се одржуваат во овластени ...Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни за секое работно место каде ... Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиентиВо свет каде што секој ден броиме како да заштедиме и како подобро да ги користиме нашите финансии, програмите за лојалност стануваат сè поважни кога носиме ... Еврото презема контрола: Бугарските банкомати ќе престанат да дистрибуираат левови во јануари 2026 ...За време на едномесечниот преоден период откако Бугарија ќе го усвои еврото, банкоматите низ целата земја ќе дистрибуираат само евро банкноти. Оваа мерка ќе ... |