ДПУТ “ТМ” ДОО Штип е основана во 2003 година, со седиште на ул. Струмички пат 9-ти км бб во Штип, Република Македонија.
Основната дејност на претпријатието е проектирање, надзор и монтажа на електроенергетска опрема и објекти од низок и среден напон.
Претпријатието има хала за монтажа на производи, работилница за одржување и магацински простор, со вкупни 700м². ДПУТ “ТМ” ДОО Штип има 24 вработени од кои 5 со високо образование и 19 со средно образование.
ЕХИ е специјализирана фирма чија основна дејност е изведба, проектирање, реконструкција и санација на системи за водоснабдување и канализациони системи, гасоводни системи, пумпни и филтер станици, резервоари, системи за наводнување и одводнување, прочистителни станици, како и други хидротехнички објекти. Нашата фирма располага со искусен стручен кадар и опрема за успешно решавање и на најсложените задачи поврзани со изведбата на овие објекти.