ТМ

ПаркингWi-Fi Зона

  • Адреса: 9-ти Километар б.б.
  • Место: Штип
  • Оддалеченст: ≈7568 км

  • Факс: 032 385149
  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1500901739_7.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Дозволете нашето искуство да ја осветли вашата иднина.

ТМ Штип ви нуди стручни електро инжинерски услуги кои ќе придонесат за успешно остварување на сите ваши потреби. Во текот на нашата историја континуирано тежнееме кон нови идеи. Со помош на технологијата и умешноста на нашиот тим вие во нас добивате партнер на кој можете да сметате и сега и во иднина.

Основната дејност на претпријатието е проектирање, надзор и монтажа на електроенергетска опрема и објекти од низок и среден напон.

Претпријатието има хала за монтажа на производи, работилница за одржување и магацински простор, со вкупни 700м². ДПУТ “ТМ” ДОО Штип има 24 вработени од кои 5 со високо образование и 19 со средно образование.

Во изминатите години ТМ се специјализира за изработка на идејни решенија, проекти, изведба и монтажа на:

- Електрични инсталации на стамбени, деловни, индустриски објекти, трафостаници, 10,35kV далекуводи, НН мрежи и разводни постројки
- Испитување на исправност на електрични инсталации, громобрански инсталации, осветленост на работни површини и заштитно заземјување, диалектрична пробојност на трансформаторско масло
- Лоцирање на траси и дефекти на НН и ВН кабли и нивно санирање
- Напонско испитување на кабли
- Одржување и изведба на улично осветлување
- Филтрирање на трансформаторско масло

ТМ е флексибилно претпријатие кое ги следи барањата на клиентите применувајки ги најновите технолошки достигнувања, технича регулатива и стандарди.
Располага со Лиценца А за изведување на градби од прва категорија,
Лиценца Ц за иведба на градби од трета категорија,
Лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија.

Производите на ТМ со контролираат од Одделение Контрола, Одделението Контрола е организациона единица во рамките на ТМ.Опремени со соодветен простор, опрема и кадар за вршење на работите на тестирање и контрола во согласност со прописите, национални и меѓународни стандарди, барањата на ISO/IEC 17020 и потребите на претпријатието.
Во 2012 година ТМ доби сертификат од TUV-Австрија за воведениет систем за управување со квалитетот според стандардот EN ISO 9001:2008
Во 2012 година ТМ доби сертификат од TUV-Австрија за воведениет систем за управување со квалитетот според стандардот EN ISO 14001:2004
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи