Përmendorja e Nikolla Karevit


Kategoritë:

përmendore



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Foto nga vendndodhja

    Foto dhe video galeri

    Никола Карев (Крушево, 23 ноември 1877 - с. Рајчани, Кочанско, 27 април 1905) бил македонски револуционер и социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација и раководител („претседател“) на Крушевската република.

    Во 1895 година го напушта своето родно огниште и како 16-годишно момче заминува на печалба во Бугарија. Во прво време работи како помошник ѕидар, а потоа станува столарски работник во работилницата на Васил Главинов.

    Во Крушево се враќа во септември 1899 година и се зафаќа со докомплетирање на своето образование. Поради полагањето на завршниот испит во јуни 1900 година, Карев не учествува на Првата социјалистичка конференција во Македонија. Социјалистите, вклучително и Карев, во Организацијата се примени во февруари 1901 година.

    На чело на Крушевскиот револуционерен комитет застанува во јануари 1903 година. Учествува на Смилевскиот конгрес во мај истата година и се спротивставува на решението за кревање на Илинденското востание, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен. Сепак, по одлуката за кревање востание, Карев активно учествува во подготовка и организација на востанието. Ноќта на 2 август 1903 година околу 750 востаници, предводени од горскиот начелник Никола Карев, го нападнале и го ослободиле Крушево.

    За време на востаничката власт во Крушево, Карев е на чело на Штабот на крушевските востаници. Фактички, тој бил на чело на новата востаничка власт во Крушево, поради што обично му се припишува функцијата претседател на Крушевската република.

    Помеѓу поважните одлуки што ги донел Карев е упатувањето на Крушевскиот манифест до околното муслиманско население со кое братски се повикуваше да ја поддржи и да ја помогне борба на сите обесправени во Македонија.

    Со паѓањето на градот во турски раце, тој со своите соработници се повлекол во околните планини на Крушево.

    На 26 април 1905 година, неговата чета на пат била предадена и опколена од турската војска. Следниот ден, на 27 април 1905 година, во борба со турскиот аскер загинал Никола Карев, заедно со многу борци од неговата чета.

    Посмртните останки на Карев, во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, биле пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година, тие биле пренесени во Македониумот.

    Спомен обележјето се наоѓа пред Собранието во Скопје.

    Автор на спомен обележјето е Богоја Анѓелкоски.  
    më shumë
    Foto nga vendndodhja
    Mapa

    Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска ...
    сите 47 | | | веќе видена

    Придобивките од мерката МојДДВ и натаму ќе ги ползуваат граѓаните, промени ќе се направат само во системскиот дел во рамки на Управата за јавни приходи. Ова го ...
    сите 15 | | | веќе видена

    Во изминатите неколку дена, европскиот воздушен простор беше сериозно погоден поради проблеми со управувањето со аеродромските места предизвикани од ...
    сите 14 | | | веќе видена

    Има итна потреба американските власти да тргнат кон намалување на јавниот долг во однос на БДП, бидејќи неговиот раст се заканува и на САД и на глобалната ...
    сите 6 | | | веќе видена

    Hyni në Librin e Artë

    Emri i përdoruesitFjalëkalim



    Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj