Конгресен сервисен центар

ПаркингКлиматизирано

  • Адреса: Владимир Полежиновски (Иван Милутиновиќ) 22/4
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7498 км
  • Локација: позади Универзална сала

  • Факс: 02 3230967
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/d480dc2481e41a3ec5eb2f1dd01c4760.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Со толкувањето од Конгресен сервисен центар суштинската комуникација во текот на вашиот настан се одвива непречено.
Имаме толкувачи насекаде во светот што ќе ви помогнат со вашите конференции, состаноци, семинари за обука, деловна придружба, судски расправи и телефонски конференции.
Нашето друштво нуди услуги за симултано и консекутивно толкување.

Ние осигуруваме дека нашите толкувачи течно ги зборуваат соодветните јазици, имаат познавања за соодветната област и повеќегодишно професионално искуство.
*Симултаното толкување претставува сложена задача што не остава простор за какви било грешки.

Тоа вклучува употреба на опрема за толкување, што им овозможува на нашите толкувачи да ја пренесат пораката на целниот јазик до слушателите со посредство на слушалки, додека говорникот продолжува да зборува на другиот јазик.Овој начин на толкување е совршен за конференции, дискусии на тркалезна маса и меѓународни настани и обезбедува непречена комуникација меѓу лицата што не зборуваат ист јазик.

КСЦ, исто така, обезбедува опрема за симултано толкување, чијшто опис е даден во делот за организација на настани.
*Консекутивното толкување е метод каде „се слуша пред да се зборува", при што говорникот зборува краток временски период од неколку минути.

Потоа се дава толкувањето на целниот јазик.Овој вид толкување е најсоодветен за состаноци „еден на еден" или во помали групи, кратки презентации и за толкување преку телефон.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи