Код инженеринг

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Призренска 22/50
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7496 км

  • Телефон 2: 075 432858
  • Факс: 02 2650368
  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1571306341_57.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

“Код инженеринг” дооел се занимава со производство и услуги во областа на електирично осветлување и лесни метални конструкции. Компанијата е специјализирана за проектирање и целосно изведување на надворешно осветлување и електрични инсталации, а располага и со широка палета производи од сопствено производство.

Производи од сопствено производство

Располага со широка палета производи од сопствено производство, како: столбови за улично и декоративно осветлување, фенери во различна големина и дизајн, канделабри и арматури за живино осветление, КП-ормани и бродски армартури.

Компанијата по нарачка произведува и делови од алуминиум, месинг, салумин...

Понуда на услуги
• Одржување на улично осветлување
• Изградба на ново осветлување
• Браварски услуги

Во доменот на услугите, фирмата исто така проектира, изведува и одржува осветлувања, електрични инсталации и лесни конструкции.

Сигурни во однос на квалитетот
Код Инженеринг ги има имплементирано системот за квалитет ISO 9001, системот за заштита на животна средина ISO 14001 и системот за безбедност и заштита при работа OHSAS 18001.

Во вкупната активност Код Инженеринг користи материјали со атест за квалитет, спроведувајќи етапни и финални контроли на квалитетот на производите и извршените услуги.

Паралелно, се развива и производството и монтажа на челични и бетонски анкери за столбовите, како и одделни громобрански инсталации. Големата флексибилност на асортиманот на елементи за електрично осветлување, проектирањето и изведбата со светилки од сопствено производство, но и од светски производители овозможува клиентите на Код Инженеринг да се чувствуваат сигурни во однос на квалитетот, роковите на изведба и прифатливоста на цените.

Кратка референтна листа на која сме горди
Како позначајни проекти и референци на Код Инженеринг се учествувото во изведбата на електричното осветлување на улица “Максим Горки”, новата пешачка зона од плоштадот Македонија, дел од кејот на реката Вардар, надворешниот дел од тврдината во Охрид, централните општински подрачја во Велес, Богданци, Штип, Облешево, Чашка, Градско, Конче, Дебар, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Куманово, Скопје (Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Шуто Оризари), како и бројни индустриски објекти и приватни куќи.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи