Периша Савелиќ - Самсон (12 септември 1920 - 19 август 1942 бил комунистички деец, Црногорец, учесник во НОВ во Македонија.
Основно образование завршил во родното село, а два класа гимназија во Скопје. Поради комунистичка активност бил исклучен од гимназијата, па матурирал во Приштина во 1939 година.. По враќањето студирал на Филозофскиот факултет во Скопје и бил организационен секретар на МК на КПЈ (1940).
По Априлската војна (1941) бил секретар на МК и раководител на Воениот штаб на МК на КП во Скопје, при што успешно ги извршил подготовките и го формирал Првиот скопски партизански одред. На 26 октомври 1941 година е уапсен при блокада на бугарската полиција.
На 9 мај 1942 година е осуден на смрт, по што на 18/19 август е обесен во Софискиот затвор.
më shumë