Përmendorja e Car Samoilit


Kategoritë:

përmendore



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Foto nga vendndodhja

    Foto dhe video galeri

    Цар Самоил или (958 - 6 октомври 1014) — средновековен македонски владетел кој на преминот од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.

    Македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година, кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самуилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток.

    Учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година.

    Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот император Василиј. Учествувал во сите позначајни битки и походи против Византија и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот Полуостров (Тесалија, Епир, Албанија, Далмација, Босна, Србија и поголем дел од Бугарија).

    Ги прифатил државно-правните традиции на Првото бугарско царство и според некои извори се прогласил за цар, со круна што му ја испратил римскиот папа.
    Починал во Преспа од срцев удар, потресен од морничавата глетка кога ги видел своите ослепени војници што му ги испратил Василиј.

    На плоштадот пред почетокот на Улица Македонија е поставен спомен обележјето на Цар Самоил.
    Споменикот е изработен од бел мермер со висина од 5 метри, и поставен е на постамент изработен од бел мермер со висина од 3,50 метри. 

    Автор на делото е Димитар Филиповски.
    më shumë
    Foto nga vendndodhja
    Mapa

    Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и Регулаторната агенција за ...
    сите 22 | | | веќе видена

    Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките на ...
    сите 11 | | | веќе видена

    Инфлацијата во март 2025 година споредено со февруари бележи намалување од 1,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објави на Фејсбук ...
    сите 16 | | | веќе видена

    Од 7 април, корисниците на серијата Galaxy S25 ќе можат да искусат нови можности за визуелни разговори преку бесплатна софтверска надградба Samsung Electronics ...
    сите 20 | | | веќе видена

    Hyni në Librin e Artë

    Emri i përdoruesitFjalëkalim



    Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj