Борис Сарафов (12 јули 1872 – 28 ноември 1907) бил македонски револуционер, раководител и војвода.
Бил водач на Врховниот Македонски Комитет (ВМК), а после го напушта и станува еден од водачите на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација.
Во текот на Илинденското востание е член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ, заедно со Даме Груев и Атанас Лозанчев.
Негов споменик е поставен пред МНР. Споменикот е донација, изработен од бронза и е висок пет метри поставен на постамент од три метри.
më shumë