Матива Дооел е приватна компанија основана во 2005 година.Во своите почетоци Матива Дооел започнува со производство на етикети за текстилната индустрија. Со понатамошното успешно работење Матива го зголемува своето производство и започнува со изработка на везови и со везење на автоматски машини, како и со работење на CAD систем, односно изработка на базни шаблони и шаблонски ленти за кроење за текстилните индустрии. Во 2015 година Матива Дооел започнува со печатење на секаков вид текстил. Денес Матива поседува огромен капацитет за везење и производство на секакви видови на етикети за текстилната индустрија како и изработка на секаков вид на принт почнувајќи од сито принт па се до дигитален принт. Во нашето секојдневно производство секогаш користиме исклучиво врвни материјали и репроматеријали од светски познати добавувачи, со што достигнуваме висок квалитет на се што нудиме.
më shumëСите наши производи се по европски стандарди и OEKO-TEX сертификати, а сето ова го постигнуваме со континуирано инвестирање во нови и се посовремени и дигитализирани машини. | Mapa |