EOS Consultion


  • Adresa: Mitrplolit Teodosij Gologanov 59/2-1
  • Vendi: Shkup
Kategoritë:

konsallting



//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1724246295_3.jpg?t=true&w=300&h=300


ЕОС Е.Е. е основана во Скопје, Република Македонија во 2015 година од страна на EOS Consulting S.p.A. Рим, Италија, со примарна дејност технички консалтинг и управување со проекти во источниот дел на Европа. До сега, ангажирани сме на голем број значајни објекти во Република Македонија како технички консалтинг.

ЕОС Е.Е. ДОО – Скопје е проект-менаџмент и консултантска компанија во областа на градежништвото. До сега, инволвирани сме во повеќе големи проекти во Република Македонија, претежно во градежни работи и надзор на градежни објекти.

Компанијата поседува внатрешни експерти (Архитекти, Градежни Инженери, Машински Инженери, Електро Инженери и Геотехнички Инженери), како и надворешни експерти на повик во различни области: сообраќај на патишта, заштита на животна средина, енергетска ефикасност итн.

Ангажираме и постојан персонал и хонорарни кадри со искуство во проектирање, изградба и надзор во градежниот сектор. По потреба, ангажираме надворешна акредитирана лабораторија за тестирање на градежни материјали. Имаме искуство со проекти за домашни и меѓународни инвеститори како УНДП, УНОПС, Светска Банка итн.

Некои од неодамнешните проекти вклучуваат:

- Надзор над реконструкција на државни патишта во рамките на Тендер 3 на ЕБОР.
- Надзор на инвестициски проекти во Град Скопје.
- Надзор на изградба на брани.
- Надзор на работите во општините Свети Николе, Гази Баба, Гостивар, Илинден итн.
- Надзор и управување со проекти на приватни проекти и објекти од национално наследство како Манастир Трескавец.

Основната дејност е стручно техничкиот надзор во проектите за нискоградба. Ние исто така се истакнуваме во поддршката на области како физибилити студии, студии за соодветна анализа, управување пред изградба, управување со проекти, управување со трошоците и мониторинг на проекти за финансиски институции како банките.

Сертифицирани сме за ИСО (9001, 14001 и 45001). Од неодамна ЕОС Е.Е. ДОО – Скопје е сертифициран со стандардот ISO 37001:2016 за управување со корупција за делот на стручно-техничкиот надзор.
më shumë

Hyni në Librin e Artë

Emri i përdoruesitFjalëkalim



Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj