Осигурување Македонија а.д. Скопје - Виена Иншуренс Груп е симбол за осигурување во Македонија, како и за доверба, сигурност и финансиска стабилност. Основана е 1945 година како Државен осигурителен завод и позната како ДОЗ, ЗОИЛ, КЈУБИ и сега со ново име ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА. Со последнато превземање во 2013 година стана дел од Vienna Insurance Group (VIG). Компанијата има големо искуство и познавање на осигурителната индустрија и успешно се усогласува со модерните токови на пазарот, што обезбедува најдобра услуга и квалитетна осигурителна понуда за клиентите.