Statue of Blaze Koneski


  • Address : Makedonska Akademija na nauki i umetnosti
  • Place: Skopje
  • Distance: ≈7500 км
Categories:

monuments



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Photo of Location

    Photo & Video Galery

    Блаже Конески (роден 19 декември 1921 – починал 7 декември 1993) е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, јазичар и филолог, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.

    По ослободувањето, активно се вклучува во стандардизирањето на македонскиот јазик. Го составил правописот на македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“

    Основач е на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет, а во периодот од 1958 до 1963 бил ректор на универзитетот.

    Конески е истакнат лингвист, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје (кој денес го носи неговото име), ценет професор, еден од основачите и прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ.

    Неговиот споменик се наоѓа пред зградата на МАНУ во Скопје.
    more
    Photo of Location
    Map

    Македонската берза не остана имуна на случувањата на светските пазари, пад на акциите на компаниите Трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп ...
    сите 80 | | | веќе видена

    Инфлацијата во март 2025 година споредено со февруари бележи намалување од 1,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објави на Фејсбук ...
    сите 47 | | | веќе видена

    Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87 отсто во однос на ...
    сите 36 | | | веќе видена

    Германската индустрија не заживеа ниту во февруари, покажуваат новите статистички податоци. Во исто време, царинскиот конфликт со САД веројатно ќе ги засени ...
    сите 39 | | | веќе видена

    Време зa читање: 3 минути Берзанскиот ден почна делумно, а заврши целосно во црвено. Влијанието на царините на американскиот претседател ја стигнаа и ...
    сите 6 | | | веќе видена

    Login on Golden Page

    UsernamePassword



    New user ? | Forgot your password? | Cancel