Метал Апостолов


  • Адреса: Индустриска 23
  • Место: Кавадарци
  • Оддалеченст: ≈7573 км

  • Телефон 2: 070 368222
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1642429705_33.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Компанијата МЕТАЛ - АПОСТОЛОВ ДООЕЛ Кавадарци е основана во 2014 година и е специјализирана со работа во делот на металната индустрија.
Основната дејност на компанијата е преработка, изработка и монтажа на секаков вид на челични конструкции; профилирање и монтажа на секаков вид пластифициран и поцинкуван лим заедно со опшивни елементи; и трговија и монтажа на кровни и фасадни панели со различен тип на изолација вклучувајќи полиуретан (PUR), полиизоцианурат (PIR) и изолација од минерална волна, наменети за изградба на хали, магацини, деловни простории, ладилници и сл.

Компанијата располага со модерна опрема за изработка на челични конструкции, сопствена подизна техника за монтажа, современа опрема за заварување и стручен кадар, сопствена опрема за профилирање на пластифицирани и поцинковани лимови, машини за сечење и виткање на лимови.
Процесот на припрема и производство на нашите конструкции и производи се одвива во сопствени простории кои опфаќаат покриен простор од преку 4000м2 поделен во три дела:

1. Браварски дел каде што се изработуваат челичните конструкции,
2. Машинска работилница за сопствени потреби опремена со универзални глодалки, дупчалки, фрези, машини за сечење и виткање на лимови.
3. Лимарски дел кадешто се врши профилирање на пластифицираниот лим, изработка на хоризонтални и вертикални олуци, слемиња, снегобрани и секаков вид на опшивни елементи од пластифициран лим како и голем избор на споен материјал.

Од 2019та година компанијата има развиено сопствен проект од идеја до реализација на подземни контејнери за подземно складирање и селектирање на комунален отпад. Се работи за проект којшто е веќе реализиран во Општина Кавадарци којшто носи голем бенефит и дава дополнителен урбан лик на централното градско подрачје.

Исто така, препознатливи сме по изработка на современа урбана опрема од типот на соларни (паметни) клупи, сервисни пултови за велосипеди, детски игралишта и фитнес опрема за надворешна употреба.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи