Корените на Нашата Компанијата започнуваат во 2010 - та година со една единствена цел и идеја на нашите клиенти да им понудиме брз, ефикасен и сигурен транспорт на пратки, во домашните и меѓународните подрачја.
Ин Тиме МК БПС како единствен авторизиран сервис за УПС во Македонија врши меѓународни курирски услуги. Со помош на 316 чартер летови, уште 266 авиони, сопственост на УПС, Вашите лични и службени пратки- писма, примероци, каталози, резервни делови, апарати и опрема, книги, уметнички предмети – се доставуваат до корисниците во над 200 земји и територии во светот.