Триглав Осигурување-Централа

ПаркингWi-Fi ЗонаПлаќање со кредитни картички

  • Адреса: бул.8-ми Септември (Октомвриска револуција) 16
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7500 км
  • Локација: Комплекс Хипериум

  • Факс: 02 5102297
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1429276399_6.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

ЗДРАВСТВЕНО-ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
Привлечноста во патувањата лежи во потребата од запознавање нови култури, средба со неверојатни архитектури, уживање во уметност и желбата за повторно доаѓање. Бидете безбедни кога патувате.
Сигурноста за време на патувањето е од особено значење, имајќи предвид дека географската одредница не е пресудна за Вашата безбедност, туку патничкото осигурување коешто е секогаш со Вас.

Преку патничкото осигурување, Триглав Осигурување во секое време се грижи за Вас. Во случај на потреба од лекарска помош обратете се на нашата асистенција Europ Assistance Hungary KTF. Можете да ги добиете на бројот + 381 11 41 44 102 или да испратите факс на бројот +381 11 411 99 99 (или на e-mail operationsr@europ-assistance.hu)

ЗЕЛЕНА КАРТА
Осигурувањето на вашиот автомобил важи и во странство, за што е потребно да си обезбедите зелена карта. Зелената карта е меѓународно признат документ за осигурување, којшто Ви е задолжително потребен доколку со возилото планирате да патувате надвор од границите на државата.
КОГА ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД ЗЕМЈАТА, ПОТРЕБНА ВИ Е ЗЕЛЕНА КАРТА.
Секогаш кога патувате со Ваше возило надвор од Република Македонија, меѓу другото, на граничните премини ќе Ви биде побарана и зелена карта за осигурување на возилото. Таа служи за Ваша заштита во случај на сообраќајна незгода во странство, доколку Вие сте причинителот.

Валидноста на Зелена карта е поврзана со трајноста на полисата за авто-одговорност, имено, со истекот на полисата на авто-одговорност автоматски престанува важноста на Зелената карта.

Доколку осигурувањето од авто-одговорност е направено во Триглав Осигурување, во тој случај за патување со Вашето возило надвор од границите на државата задолжително обезбедете и Зелена карта од Триглав.

Сите штети предизвикани со Вашето возило на трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, во Ваше име ги надоместува Триглав Осигурување.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи