Споменик на Методија Шаторов-Шарло


  • Адреса: Кеј 13-ти Ноември
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈1049 км
  • Локација: пред зградата на Т-Мобиле
Дејности:

споменици



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Слика од локација

    Фото и видео галерија

    Методија Шаторов - Шарло (1897 - 1944) бил македонски комунист и национален деец. Како долгогодишен активист во комунистичкото движење, Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија.

    На 4 септември 1944 година, само неколку дена пред ослободувањето на Бугарија од страна на Црвената Армија, при една акција на бугарската војска против партизаните, во фазата на повлекување, Шарло загинува под неразјаснети околности.

    Поради неговите автономистички и македонски заложби кои беа во спротивност со југословенската идеја, застапувана од македонското политичко раководство, Шарло за време на комунистичкиот режим беше оцрнуван како предавник на македонскиот народ и саботер на неговата борба за ослободување.

    Рехабилитацијата на Шарло започнува по падот на комунизмот, а значителен придонес во таа насока дава научниот собир посветен на Шарло, организиран од МАНУ во ноември 2005 година.

    Овој споменик се наоѓа на градскиот кеј, веднаш пред зградата на Т-мобиле.

    повеќе
    Слика од локација
    Мапа

    Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата којашто ќе ја ...
    сите 81 | | | веќе видена

    Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да ...
    сите 21 | | | веќе видена

    Порастот на цената на златото, кој во понеделникот ја проби границата од 3.400 долари за унца, не е случаен скок – тоа е сигнал за длабоки тектонски промени во ...
    сите 70 | | | веќе видена

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи