Споменик на Ѓорче Петров


  • Адреса: кружен тек Ѓорче Петров
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈1045 км
  • Локација: Ѓорче Петров
Дејности:

споменици



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Слика од локација

    Фото и видео галерија

    Ѓорче Петров(2 април, 1865, с. Варош, Прилепско - 28 јуни, 1921, Софија, Бугарија)бил професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип и Скопје каде соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија.

    Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Член на Централен комитет на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО.

    Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897–1901).
    Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес. На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник во Софија.

    Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма.
    Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција.

    Убиен по наредба на Тодор Александров.

    Споменикот на Ѓорче Петров се наоѓа на кружниот тек во истоимената населба во Скопје.
    повеќе
    Слика од локација
    Мапа

    Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да ...
    сите 18 | | | веќе видена

    Не се дозна кој ги купи 4,99 отсто од акциите на Стопанска банка Битола за сума од над еден милион евра. Централниот депозитар за хартии од вредност секој прв ...
    сите 17 | | | веќе видена

    Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата којашто ќе ја ...
    сите 23 | | | веќе видена

    Поминаа десет месеци одкако ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Десет месеци беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност ...
    сите 39 | | | веќе видена

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи