Споменик на Даме Груев


  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7499 км
  • Локација: Плоштад Македонија
Дејности:

споменици



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Слика од локација

    Фото и видео галерија

    Даме Груев (Смилево, 19 јануари, 1871 - Русиново, 23 декември, 1906) е македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волјa на револуционерна Македонија.

    Се школувал во родното село Смилево, Ресен и Битола, Солун и Белград и во Софија, каде што студирал историја на Високата школа. На Универзитетот во Софија го формирал Македонското студенско друштво, кое имало за цел ослободување на Македонија од османлиската власт. Меѓутоа поради убиството на бугарскиот министер за финанси, Македонското студенско друштво се растурило, а Даме заминал за Македонија.

    Заедно со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирал македонска револуционерна група во која влегле: Андон Димитров, Христо Батанџиев и д-р Христо Татарчев. Оваа група ги поставила основите на Македонската револуционерна организација. На конститутивниот состанок, Јануарска средба, Даме станал прв секретар на Централниот комитет. Од Солун заминал во Штип каде првпат се сретнал со Гоце Делчев.

    Османлиските власти го протерале во Битола (1898), каде што бил уапсен (август 1900) во врска со Попставревата афера и бил осуден на 10 години затвор.

    Од затворот во Битола одржувал врски, давал инструкции и ја раководел месната организација. Бил префрлен во затворот во Подрум-Кале, каде што бил заедно со Христо Татарчев и Христо Матов. По амнестирањето се вратил во Македонија (во Смилево), а потоа заминал во Солун, каде што имал средба со Гоце Делчев, по прашањето за кревање на востание.

    На 2 август било кренато Илинденското востание. Груев го доживеал мигот на историскиот чин, но и ужасите на страдањата на својот народ решен по секоја цена да се бори и да се избори за слобода и за своја држава. По неколкумесечните исцрпувачки борби со огромната, модерно вооружена непријателска армија, Главниот востанички штаб донел одлука за запирање на Востанието со цел народот да се поштеди и да се зачуваат силите на движењето.

    Претседавал на Рилскиот конгрес во 1905 и бил избран за член на Централниот комитет. Се ангажирал за надминување на поделбите, меѓутоа единството постигнато на Конгресот траело кратко.

    Груев одлучил да се врати на теренот во Македонија. Загинал во борбата на врвот Петлец кај Русиново. Населението од Русиново го погребало во дворот на селската црква. Подоцна неговите телесни останки биле пренесени во Смилево.
    повеќе
    Слика од локација
    Мапа

    Немерлива ќе биде штетата за скопските угостители, ако треба да запрат со работа поради запирањето на водата од петок навечер и во текот на првиот ден од ...
    сите 4 | | | веќе видена

    Патниците се собираат, влегуваат во автобусот, каде што ги пречекува музика која го подигнува расположението, и тргнуваат за новогодишната ноќ, но не знаат ...
    сите 10 | | | веќе видена

    Време зa читање: 3 минути Десет компании кои според строгите критериуми се квалификуваа и ги исполнија овие услови преку нивните преставници денес го добија ...
    сите 24 | | | веќе видена

    Вчерашниот ден бил прилично „плоден“ на Македонската берза. И по промет, и по блокови, и по постигнати цени на акции. Акциите на Комерцијална банка вчера со ...
    сите 15 | | | веќе видена

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи