Споменик на Блаже Конески


  • Адреса: Македонска Академија на науки и уметности
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7500 км
  • Локација: пред МАНУ
Дејности:

споменици



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Слика од локација

    Фото и видео галерија

    Блаже Конески (роден 19 декември 1921 – починал 7 декември 1993) е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, јазичар и филолог, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.

    По ослободувањето, активно се вклучува во стандардизирањето на македонскиот јазик. Го составил правописот на македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“

    Основач е на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет, а во периодот од 1958 до 1963 бил ректор на универзитетот.

    Конески е истакнат лингвист, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје (кој денес го носи неговото име), ценет професор, еден од основачите и прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ.

    Неговиот споменик се наоѓа пред зградата на МАНУ во Скопје.
    повеќе
    Слика од локација
    Мапа

    На 11 март 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите ...
    сите 102 | | | веќе видена

    Економијата повеќе не е во стагнација. Државниот завод за статистика објави податоци за неколку сегменти од економското дејствување во Македонија преку кои ...
    сите 125 | | | веќе видена

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена ...
    сите 11 | | | веќе видена

    Најголемата приватна пошта Еко Логистик Сервис (ЕЛС) на денешната средба со новинарите најави повеќе новини за идните проекти на компанијата. Освен доставата ...
    сите 8 | | | веќе видена

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи