Плимонт


  • Адреса: Радован Ковачевиќ 63
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈1051 км
  • Локација: Ченто, на патот за Арачиново

  • Телефон 2: 071 332110
  • Факс: 02 2520730
  • Работно време: Пон - Саб од 08:00 до 17:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1429096813_52.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Основна дејност на компанијата е увоз, дистрибуција, вградување и одржување на автогасни системи.
Плимонт Дооел од основањето до денес е со седиште на ул. Радован Ковачавиќ бр.63, во населба М.А.Ченто.
Автогасниот центар на Плимонт е комплетно опремен за дијагностика и сервисирање на автогасни системи и на моторни возила, со професионален и искусен персонал со 18 годишно искуство во вградување на автогасни уреди.

Во почетокот на 2015 година започна со работа нашата специјалирана продавница за делови за автогасни уреди на ул. Владимир Комаров бр.1А, Локал-1 (до Железничка Станица Скопје).

Плимонт од 2004 година е дистрибутер и овластен сервисер за Италијанскиот производител на автогасна опрема, групацијата Landi Renzo S.p.A. Посебно сме горди на успешното претставување на производите на компанијата Landi Renzo S.p.A -најголемиот светски производител на автогасни уреди, и со фактот што уредите на Landi Renzo се далеку најпродавани на македонскиот пазар.

Тоа што компанијата Плимонт го смета за успешно исполнета цел е промовирањето на автогасот како еколошко и економично алтернативно гориво.

Денес токму благодарејќи на свесноста на возачите за придобивките од употребата на автогасните системи, може да се каже дека и во Македонија успешно се следи европскиот тренд на се поголема употреба на ова еколошко гориво.

Во Плимонт можете да ги добиете следните услуги:
- вградување на автогасни (LPG) уреди во возила со карбураторски мотор
- вградување на автогасни (LPG) уреди во возила со моно-инџексион тип на мотор
- вградување на Секвенционални автогасни (LPG) уреди во возила со мулти-поинт инџексион тип на мотор
- вградување на Direct Injection автогасни (LPG) уреди во возила со мотор со директно вбризгување (FSI, TSI, GDI, VTI, TCE, Di-Si, Direct)
- вградување на автогасни метански (CNG) уреди во возила со мулти-поинт инџексион тип на мотор
- вградување на Dual-Fuel автогасни уреди во возила со дизел мотор во LPG и CNG варијанта.
- дијагностика и отстранување на проблеми на автогасни уреди
- тековно одржување на автогасни уреди
- калибрација (штелување) на автогасни уреди
- замена на филтри,на мембрани,на резервоар,на мултивентил,на моторно масло,на свеќици
- продажба на резервни делови за автогасни уреди
- продажба на филтри и течност за заштита на вентили
- изготвување документација за автогасни уреди
- организирање атестен преглед на возило со вграден автогасен уред
- дијагностика и отстранување на проблеми на возилото.......
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи