Оџаци-Оџачарски услуги


  • Адреса: Ѓорѓе Андреевиќ Кун 36-б
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7504 км
  • Локација: Лисиче


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/fc16d3501dd68db750dadda929136e17.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

ДПТУ „ОЏАЦИ“ Благоја и Ѓуро ДОО – Скопје - Професионално чистење и спалување на оџаци и други димоводни уреди (котли за централно греење, канали, камини, фурни и хауби од скари) од страна на квалификувани оџачари.

Основни аспекти и придобивки од навремено,квалитетно и перманентно чистење на оџаците и други димоводни уреди:

Спречување на опожарување и други несакани последици
Заштеда на енергетско гориво и за преку 20%
Поголема испорака на топлотна енергија
Зачувување на димоводните уреди за подолг временски период
Заштита на човековата околина преку намалување на штетните гасови во воздухот.
Друштвото за Поизводтво, Трговија и Услуги Оџаци Благоја и Ѓуро ДОО Скопје е формирано во 1991 година(како Претпријатие за комунални услуги Оџаци). Од своето постоење до денес исклучиво делува како оџачарска фирма. Компанијата е семеен бизнис во приватна сопственост на двајца браќа кои освен висока и средна стручна спрема имаат и оџачарски дипломи како и повеЌегодишно оџачарско искуство со големо познавање на котларските системи.

Професионалноста на компанијата се огледува во долгогодишното искуство во реализирањето на најкомплексните и најтешки оџачарски интервенции, како: одгушување, професионално спалување, чистење, како и контролирање на целиот процес во системот за греење (котел,канал и оџак) на највисоко ниво, професионално бушење на оџак кога е неминовно друго решение и отстранување на шут, гареж или гнездо од птици во оџакот.

Компанијата „Оџаци„ располага со професионален оџачарски алат и опрема и други капацитети за реализација на било какви ангажмани (професионални усисувачи ,апарати под притисок, топловодни пумпи,голем избор на, штосери, четки, пробивни глави од најдобар квалитет. Дел од опремата е направен во наши работилници, дел купен во земјата и пред се во странство.

Услуги:
-Одгушување,спалување, чистење и контрола на сите видови оџаци вентилации и камини
-Контрола на исправноста на уредите за греење
-Хемиско чистење на уредите
-Проверка и издавање на атести-потврди за оџаци и вентилациони канали и нивни приклучоци на новоизградени стамбени и стамбено деловни објекти пред пуштање во употреба
-Механичко и хемиско чистење на елементи од скари(хауби, масни канали, оџаци, мотори, аспиратори)
-Штелување на горилници
-Спалување на камини, оџаци, чунци и хауби од скара или фурни
-Машинско чистење на суви вентилации со професионални машини.

* Задоволните корисници се наша примарна цел!!! *
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи