| 
     Фото и видео галеријаМЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Нејзин основач е Др. Миодраг Стојановски, а денеска компанијата ја води дипл.ел.инг. Оливера Стојановска
повеќе Од самите почетоци па се до денешен ден работиме во обаласта на фармацијата. Стекнавме големо искуство и реноме во оваа област.Нашата основна дејност е увоз и дистрибуција на диететски додатоци од палетата на ЕСИ спа Италија - компанија која е лидер во Италија и поширокO. Покрај тоа во аптеките дистрибуитраме производи од повеќе домашни производители и увозници. Компанијата вработува високо стручен кадар кој е задолжен да ги следи најмодерните трендови во трговијата и маркетингот и истите да ги имплементира во работењето. Нашиот тим постојано се надградува со вештини и знаење и се усовршува, се со цел обезбедување на подобра и понавремена услуга на своите соработници и клиенти. Доказ за тоа е и континуираниот раст на пазарот како и стекнатата доверба од страна на клиентите и пациентите. Денес со задоволство можеме да кажеме дека нашата палета е една од водечките во сегментот на диететските додатоци а нашите производи се синоним за квалитет, безбедност и достапност. Нашето мото е спроведување на професионални, коректни и етички стандарди во своето работење. Основна цел ни е на нашиот пазар да обезбедиме производи со висок квалитет и оптимална цена достапна за нашите клиенти, асортиман кој е пред се наменет за одржување и подорбување на здравјето, додатоци во исхраната и козметички производи. | Мапа | 
