КБ Публикум инвест

ПаркингЈавен превозДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Св.Кирил и Методиј (М.Х.Јасмин) 50
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈1049 км
  • Локација: спроти Рамстор

  • Факс: 02 3204494
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1479911615_4.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

КБ Публикум инвест е друштво за управување со инвестициски фондови формирано во 2009 година. Висината на основачкиот капитал на Друштвото изнесува 700.000 евра.

Согласно Статутот и Проспектот, Паричниот фонд може да вложува во депозити на банки, инструменти на пазарот на пари, и должнички хартии од вредност од најбонитетни издавачи. Порастот на вредноста на имотот кај овој фонд е побавен, но континуиран, додека осцилациите на вредноста практично и не постои. Целта е на инвеститорите да им се овозможи на кратки рокови средствата да се инвестираат со значајно поконкурентен принос во споредба со алтернативите. Приносот на паричните фондови по правило е поголем од каматата на депозити по видување, а клиентите најмногу го користат како начин на краткорочен пласман на вишокот на пари (преку ноќ). Во поглед на трошоците, кај овој фонд не се предвидени никакви влезни/излезни провизии.

Согласно Статутот и Проспектот, Обврзничкиот фонд може да вложува во депозити на банки, инструменти на пазарот на пари, и државни и корпоративни должнички хартии од вредност. Фондот е наменет за инвеститори што сакаат средствата да ги вложат во инструменти со фиксен доход (државни и корпоративни обврзници деноминирани во странски валути). Кај овој фонд, порастот на вредноста на имотот по правило е побавен, но континуиран, а осцилациите на вредноста на уделот најчесто се многу ниски. Во поглед на трошоците, кај овој фонд влезната провизија изнесува 1,5% за уплати до 150.000,00 денари и 1,0% за уплати до 300.000,00 денари. За уплати над 300.000,00 денари не се предвидени никакви влезни провизии. Излезната провизија изнесува 0,75% и се наплаќа единствено доколку се повлечат средствата во рок пократок од 6 месеци од моментот на вложување.

КБ Публикум – Балансиран по својата структура и карактеристики претставува спој на вложувања во акции и обврзници (50/50). Фондот е наменет за инвеститори што сакаат да ја искористат можноста за остварување повисок принос преку делот од вложените средства на фондот во акции, но истовремено и да обезбедат стабилност и сигурност на вложените средства во фондот преку неговите вложувања во долгорочни должнички хартии од вредност. Основна цел на Друштвото во управувањето со овој фонд е да се врши континуирано приспособување на условите на пазарите на капитал преку учеството на акциите и обврзниците во структурата на фондот. На овој начин Друштвото настојува да обезбеди максимален принос со истовремено минимизирање на ризиците својствени за инвестирањето во хартии од вредност. Во поглед на трошоците, кај овој фонд влезната провизија се движи помеѓу 0,5 и 3,5% во зависност од големината на уплатите. Излезната провизија се движи помеѓу 0,5 и 1,5% и се наплаќа единствено доколку се повлечат средствата во рок пократок од 3 години од моментот на вложување.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи