АЛКАЛОИД AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи.
ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје е дел од ЕОS Групацијата која е водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на откуп и наплата на обезбедени и необезбедени побарувања, како и меѓународна наплата на побарувања.
Осигурување Македонија а.д. Скопје - Виена Иншуренс Груп е симбол за осигурување во Македонија, како и за доверба, сигурност и финансиска стабилност. Основана е 1945 година како Државен осигурителен завод и позната како ДОЗ, ЗОИЛ, КЈУБИ и сега со ново име ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА. Со последнато превземање во 2013 година стана дел од Vienna Insurance Group (VIG). Компанијата има големо искуство и познавање на осигурителната индустрија и успешно се усогласува со модерните токови на пазарот, што обезбедува најдобра услуга и квалитетна осигурителна понуда за клиентите.