Осигурување Македонија-Дирекција

Јавен превозДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: 11-ти Октомври 25
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7500 км

  • Телефон 2: 02 3250500
  • Факс: 02 3137154
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1427983286_63.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Осигурување Македонија а.д. Скопје - Виена Иншуренс Груп е симбол за осигурување во Македонија, како и за доверба, за сигурност и за финансиска стабилност.

Обезбедуваме широк спектар на врвни решенија за осигурување и за реосигурување:
• Имотни осигурувања
-Осигурување на лица од незгода (несреќен случај)
-Осигурување на моторни возила
-Осигурување транспорт
-Осигурување одговорност
-Патничко осигурување

• Физички лица
-Незгода
-Домаќинства
-Возила
-Автомобилска одговорност и зелена карта
-Каско
-Патничко осигурување
-Семеен пакет

• Правни лица
-Имот
-Пакет полиса за имоти
-Осигурување индустрија
-Возила
-Автомобилска одговорност и зелена карта
-Каско
-Транспорт
-Незгода
-Одговорност
-Патничко осигурување

• Штети
-Пријава за штета
-Упатства
-Речник
-Сервиси
-Контакт штети

Основано е во 1945 година како Државен осигурителен завод и познато како ДОЗ, ЗОИЛ, КЈУБИ и сега со новото име – ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА. Со последното преземање во 2013 година, стана дел од Vienna Insurance Group (VIG). Компанијата има големо искуство и познавање на осигурителната индустрија и успешно се усогласува со модерните текови на пазарот, што обезбедува најдобра услуга и квалитетна осигурителна понуда за клиентите.

Мисија - Обезбедуваме врвно осигурување за нашите клиенти преку одлични полиси, најдобра услуга во продажбата на осигурување и при обештетување. Ја цениме довербата на сите наши клиенти како највредно нешто и возвраќаме со супериорна и долгорочна финансиска стабилност и сигурност. Преку современ пристап и прием во осигурување, управувавме со ризиците фокусирано и со разбирање. Посветени сме на стручна подршка на нашите претставници од продажбата. Фокусирани сме на ефикасна услуга за клиентите. Покрај продажниот дел, особено сме горди на финансиски супериорната и квалитетна услуга при настаната штета од осигурен ризик.

• Вредности
Корпоративното однесување во Виена Иншуренс Груп кон своите вработени, клиенти и акционери е водено од начелото за кредибилитет и интегритет, лидерство за мали и големи прашања, задоволството на клиентите, разновидноста и еднаквите можности. Осигурување Македонија во потполност ги негува корпоративните вредности на Групацијата:

• Кредибилитет и интегритет
Веродостојноста и интегритетот се наши главни приоритети. Секој од нас носи лична одговорност за највисоки стандарди на однесување, кредибилитет и интегритет, кои треба да се применуваат во секоја поединечна ситуација од нашето работење.

• Претприемништво
Знаеме дека делата се погласни од зборовите. Затоа, сите наши вработени се стремат кон истите цели, како и што се очекува од нив. Сите ние предничиме со нашата стручност, креативност и тимска работа.

• Задоволство на клиентите и квалитетна услуга
Ние ги почитуваме нашите клиенти, ги слушаме нивните желби и ги разбираме нивните очекувања. Тежнееме кон тоа да пружиме квалитетна услуга и услуга која ги надминува очекувањата на нашите клиенти.

• Разбирање и почитување
Се однесуваме едни кон други со почит и горди сме на значајните придобивки стекнати од различни вработени и разновидните идеи. За да го продолжиме нашиот успех, мора да им обезбедиме на нашите вработени можности за обука и развој, помагајќи им да напредуваат и да се соочат со нови одговорности.

БИДЕТЕ БЕЗГРИЖНИ КАКО ДЕЦА!
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи