Инвенсис


  • Адреса: Јадранска магистрала (Качанички пат), с.Визбегово 192-а
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7494 км

  • Телефон 2: 070 317084
  • Факс: 02 3254355
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00
    Саб од 08:00 до 14:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1654523529_49.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

ИНВЕНСИС Дооел е компанија основана во 2011-та година со основна дејност која опфаќа проектирање, продажба, изведба, сервисирање, монтажа и одржување на индустриски јавни, деловно административни и станбени/ индивидуални објекти од областа на климатизација, вентилација и греење.

Претходното искуството на менаџментот, стекнувано низ текот на годините во некои од водечките фирми во Македонија од областа на вентилацијата, климатизацијата и греењето како и долгогодишното искуство на тимот од монтери, посветеноста на работата и постојаното усовршување доведоа до создавање на бројно портфолио на завршени изведби и задоволни клиенти.
Во делот за климатизација ИНВЕНСИС e овластен партнер за Македонија на водечкиот светски бренд SAMSUNG. За останатиот асортиман соработува со добавувачи кои се европски признати производители на опрема како Tangra-Бугарија и Casals-Шпанија.
Тимот на ИНВЕНСИС во континуитет ги следи светските стандарди и трендови, ги имплементира во секојдневното работење и преку стручни совети и консултации ги нуди следниве:
услуги
-дизајнирање на системи за климатизација и вентилација;
-монтажа и демонтажа на опрема за климатизација;
-монтажа на опрема за вентилација;
- сервис и одржување на постоечки системи за климатизација и вентилација.

производи
-топлински пумпи;
-вентилатори;
-клима уреди;
-чилери;
-опрема за климатизација и вентилација

Стратегија

Стратешка цел на компанијата е развој при дизајнирањето, промовирањето и имплементацијата на 4Е технологиите што се применуваат во областа на вентилацијата, климатизацијата и греењето: Енергија, Ефикасност, Еономија и Екологија.
Минимизирање на оперативните трошоци за работење, со иновативни технички решенија преку користење на економични и за човековата околина прифатливи извори на енергија, со истовремено максимизирање на енергетската ефикасност се појдовни точки при изборот на решенија за вентилацијата, климатизацијата и греење како за индустриските така и за резиденцијалните објекти.

Мисија

Мисијата е освојување на пазарот преку создавање на бројни задоволни потрошувачи, партнери и соработници на долг рок со кои заедно ќе придонесеме кон заштеда на трошоците и заштита на околината со имплементирање на паметни и ефикасни решенија.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи