| 
     Слика од локација  Фото и видео галеријаГлоса e интерактивно јазично студио кое организира курсеви, индивидуални часови и судски преводи за сите јазици.
повеќе Нудиме општи и специјализирани курсеви по англиски и германски јазик, како и подготовка за полагање меѓународни испити. Нашите часови се динамични, интерактивни, исполнети со теми кои се интересни и сосема прилагодени за возраста на учениците. Бирото за преводи нуди преводи од/на светски познати јазици и тоа: англиски, германски, италијански, француски, шпански и др. Глоса ги нуди и следните видови превод: • Судски превод • Литературен превод • Документи • Економски и правни текстови • Медицина • Останати стручни преводи • Лични преводи Студиото е основано во 2013 година. Од самиот почеток до денес посветено создаваме современа образовна средина која овозможува изучувањето на странскиот јазик да стане дел од нашето секојдневие и култура. Секојдневно применуваме посебни методи на предавање кои им помагаат на учениците да ги развијат сите четири јазични вештини – читање, пишување, слушање и зборување. Со примена на овие методи ги мотивираме учениците да го засакаат странскиот јазик, го поттикнуваме нивниот талент и ја ослободуваме нивната креативност. Имаме методолошки пристап кој го поддржува интелектуалниот и социјалниот развој на учениците поттикнувајќи ги да станат успешни ученици, независни мислители и почитувани поединци. За сите прашања и информации контактирајте не на телефонскиот број 078 447387. Нашиот тим ви стои на располагање. | Слика од локација  Мапа | 




