Атомик


  • Адреса: Јане Сандански 2
  • Место: Пробиштип
  • Оддалеченст: ≈7550 км
  • Локација: под болница, Калниште

  • Телефон 2: 032 484999
  • Факс: 032 483637
  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1485258483_52.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Атомик е современ сервис за поправка на:
• Електро виљушкари
• Исправувачи (полначи) за акумулаторски батерии
• Електромотори и трансформатори

• Електро виљушкари
Вршиме сервисирање на сите типови и брендови на електровиљушкари. Во зависност од состојбата на виљушкарот, вршиме мали корекции, поправки или целосен ремонт на електронскиот управувачки дел. Дел од корекциите вклучуваат вградување на целосно нови елекронски управувачки блокови за регулирање на погонскиот, хидрауличниот и серво моторот. Вршиме сервис на сите типови на вилушкари, било да се со транзисторска, тиристорска или регулација со склопки.

• Исправувачи за акумулаторски батериии
Вршиме поправка или ремонт на полначите за тракциони и стационарни акумулаторски батерии.
Нудиме и модернизација на постојните стари исправувачи, со вградување на примарна или секундарна регулација за автоматско полнење на акумулаторските батерии. Со помош на ваквата регулација се овозможува максимално полнење на батериите а воедно и продолжување на векот за експлоатација на истите.
Произведуваме и уреди за следење и испитвање на акумулаторските батерии.

• Електромотори и трансформатори
Премотување на статорските и роторските намотки кај едносмерни и асинхрони електромотори.
-Сервисирање и ремонт на едносмерни и асинхрони електромотори.
-Премотување на трансформатори.

• Услуги во индустриската електроника
Производство на уреди за испитување на тракциони и стационарни акумулаторски батерии. Со овие уреди се испитува капацитетот на акомулаторските батерии. Со нив може да се врши циклусирање (регулирано празнење) на акумулаторските батерии.
Произведуваме уреди за следење на состојбата на наполнетост на акумулаторските батерии. Овие уреди служат и за поднапонска заштита на батериите (при достигнување до даден напон автоматско исклучување на батеријата), и заштита од препразнување на истите.
Произведуваме уреди за мерење и регулација на температура и влага.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи