Викторија шпед

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Босна и Херцеговина 3
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈1046 км

  • Факс: 02 2603963
  • Работно време: Пон - Пет од 08:30 до 16:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1416575655_34.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

ВИКТОРИЈА ШПЕД е компанија формирана во 1995 година која нуди комплетни логистички решенија и е лидер во областа на царинско посредување и организирање на комплетна логистика. Со 26 професионално обучени вработени и стандарди ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004 (сертификат од TUF Austria), ние сме спремни да одговориме на сите предизвици со единствена цел - да ги задоволиме потребите на клиентите.

Нудиме царинско застапување (16 вработени во царински сектор, 6 диспоненти и 10 лиценцирани царински застапници), меѓународен патен транспорт (соработка со Фалкон Логистик - 6 VW Crafter возила за домашен и меѓународен транспорт), авионски транспорт (IATA агент сертифициран за изработка на авионски товарни листови), бродски транспорт (поморски транспорт) и царински складишта (сопствен склад во Илинден од 2014).

Овозможуваме брзо и ефикасно царинско и шпедитерско посредување, изготвуваме царинска документација при увоз, извоз или транзит на стока, ги следиме законските промени, даваме информации за тарифни броеви на стоката и давачките и информации за обезбедување на сите потребни дозволи за увоз на одредени видови стока.

Нашиот царински склад во Илинден е најсовремено уреден складишен простор: 1125м2 затворен дел и 675м2 отворен дел, 1550 палетни места, комора за складирање лекови, АДР складирање и регално складирање. Почитувањето на тимската работа и постојано надградување преку семинари и предавања е одлика на нашите вработени.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи