| 
     Слика од локација  Фото и видео галеријаУнипрес - претпријатие за новинско издавачка дејност, производство, услуги и трговија на големо и мало, е водечка фирма во Република Македонија за производството на знамиња, канцелариски и надворешни јарболи, печатење на текстил и друго. 
повеќе • Знамињата на Унипрес се изложени насекаде: во домовите, јавните објекти, општините, спортските клубови и сојузи, хотелите, претпријатијата, улиците.. • Корисници на услугите се и многубројните странски амбасади и мисии во Македонија и надвор од неа. • Транспарентите (банерите) кои ги изработува Унипрес ги красат најголемите улици и булевари на Скопје. • Покрај знамињата, Унипрес е препознатлив и по печатење на маици и капи од секаков вид: печатење на сито, пресликување, везење, дизајнирање... Исто така, Унипрес се занимава и со печатење на различен канцелариски материјал, печатење на заштитни знаци на фирмите на стаклени и порцелански чаши, изработка и печатење на логоа на ѕидни часовници, календари, визит карти, плакети, дипломи, како и покани, сито печатење на пластични и метални привезоци, пенкала, запалки.. Задоволувајќи ги желбите на купувачите, пред се со врвниот квалитет, прецизните рокови за испорака и евтини цени, во над 20-годишниот период на постоење на фирмата Унипрес стекна голема доверба и углед на македонскиот пазар и пошироко. Унипрес располага со производствени капацитети за печатење и шиење. Производствениот процес на знамињата на Унипрес постојано се менува и се доусовршува, што ни овозможува да држиме чекор со времето и барањата на пазарот. Печатницата на Унипрес е опремена со плотери со врвна нова Јет технологија кои овозможуваат најбрз печат со врвен квалитет на платно и на хартија. 
 Видете ги нашите производи на | Слика од локација  Мапа | 



