Сзу Гмбх

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Јадранска магистрала (Качанички пат), с.Визбегово 1
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7494 км
  • Локација: Спроти Олимпиа Моторс

  • Телефон 2: 02 3220888
  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 19:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1476359751_0.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

СЗУ Гмбх, Валдкрајбург, е претпријатие кое осум години опстојува на германскиот пазар. Главната дејност на оваа фирма е проценка и стручно мислење на настанати штети во областа на моторните возила. СЗУ Гмбх, на чело со Господинот Јохан Кек, брои 130 вработени, дел од нив се наоѓаат во седиштето на фирмата, а дел се професионалци кои својата работа ја вршат на терен.

СЗУ е овластена централа на проценители, кои се стручно обучени за професионална проценка на штети на автомобили, мотори, бродови, градежни и земјоделски машини.
Нашата цел е да ги ослободиме клиентите од непријатностите и од евентуални манипулации и злоупотреби при проценките. Располагаме со висококвалификуван персонал, кој во секое време е достапен за Вашите барања преку нашата диспечерска служба. Имајќи ја предвид специфичноста на дејноста, нашиот тим може многу брзо да дојде на самото место.

Знаеме дека осигуреникот или тужителот очекуваат брза процека и брзо процесуирање на случјот и се трудиме да ги исполниме тие очекувања. Секоја кореспондеција се управува директно од нашето седиште во Валдкрајбург, а од јули 2013. и од новоотвореното седиште на СЗУ гмбх во Скопје.

БЕНИФИЦИИ КОИ ГИ ДОБИВАТЕ ОД НАШИТЕ УСЛУГИ:
• Проценка на штети на моторно возило од било кој вид
• Проценка на штети на камп-возила, камп приколки, спортски бродови и јахти
• Проценка на состојбата на товарни и наменски возила, автобуси, како и изнајмени возила
• Посебна проценка на моторни возила од секаков вид на банкарски и лизинг компании
• Посредување при продажба на возила на наши партнери
• Организација на службата за повраток на возила од најодалечените земји
• Грижа за обезбедување на докази за попрецизна реконструкција на штетата на возилото
• На барање на клиентот изготвуваме и гаранција за возила, како и за возила оштетени при несреќа, вклучувајќи, транспортирање и згрижување на возилото на безбедно место
• Проценка на земјоделски и градежни машини, како и други индустриски специјални машини и опрема
• Експертиза за било каква штета на градежна сопственост
• Гаранција за точна проценка од страна на нашите системи Аудатекс (Audatex) и ДАТ (DAT)
• Веродостојноста е загарантирана.

УСЛУГИ ВО ДОМЕНОТ НА ХАВАРИИ:
• Проценка на штети настанати при транспорт како и веќе постоечки материјални штети, од страна на квалификуван проценител за транспортни и товарни штети (Комисар за хаварија)
• Обезбедување на оштетена стока на самото место
• Обезбедување на докази за понатамошна истражна постапка
• Претовар и организирање на понатамошен транспорт на оштетената стока при хаварија, по желба на клиентот
• Складирање на оштетената стока, вклучително и во ладилници
• Продажба и остранување на оштетената стока, по желба на клиентот
• Изготвување на извештаи за проценка на штета
• Обезбедување на доказни материјали и доказни извештаи
• Проверка на доказните и причинските фактори за експертски извештаи и пријави на штети
• Обезбедување на лице, кое што ќе биде на располагање 24/7 , за време на целиот процес на обработка на извештајот за штети - Брзо утврдување на штета, непосредно при изготвување на извештајот
• Сервис низ цела Европа без никакви регионални ограничувања без никакви технички или јазични бариери
• Нудиме темелна и точна анализа со помош на професионален и специфичен компјутерски софвер
• Непотребните финансиски трошоци остануваат заштедени преку наша евалуација на извештајот
• Нашите цени ќе останат за сите времиња прифатливи за вас, така што се ориентираме според нашата БВСК
• Федерација на хонорарни и независни експерти за секторот на мотрони возила) табела за надомест, освен за посебни договори кои што не ги покрива оваа табела
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи