Станбен управител

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Наум Наумовски Борче 87-Л-1
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7498 км
  • Локација: Спроти фонтана - Градски Парк

  • Работно време: Пон - Пет од 09:00 до 17:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1539331686_35.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

СТАНБЕН УПРАВИТЕЛ ДООЕЛ Скопје е фирма чија дејност е управување и одржување станбени објекти со одобрена лиценца бр.03-178/3 издадена од страна на Регулаторна комисија за домување. Работењето на фирмата се заснова на максимална соработка и транспарентност за што СТАНБЕН УПРАВИТЕЛ ДООЕЛ изготвува Договор за заемни односи меѓу сопствениците и Договор за вршење на управувачки работи. За потпишување на Договорот за управувачки услуги потребно е да се согласат 50% плус еден од сопствениците на становите.

Односите меѓу сопствениците на посебните делови и Управителот се уредуваат со Договорот за вршење на управувачки услуги.Овој Договор го потпишуваат Управителот и овластени претставници избрани од мнозинството на сопствениците на посебните делови.Работата на Управителот ја контролира Надзорен Одбор избран и именуван од Собирот на сопственици.

УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ на објектот опфаќа:
• Администрација, сметководствена евиденција по станбена единица и изготвување и достава на книговодствени месечни пресметки (фактури, готови уплатници); плаќање на заеднички трошоци (ел.енергија, паушал за лифт, хигиена и сл); изготвување годишен план и извештај за одржување.
• Изработка на месечен финансов извештај (приходи/расходи), како и список на сопственици со евидентирани уплати за секој претходен месец – се истакнуваат јавно на огласна табла.
• Правна помош, редовно праќање на опомени пред тужба; отужување на нередовните уплатувачи; застапување на станарите пред управни органи за издавање на дозволи и согласности; правни совети.
• Тековно одржување на заедничките простории (ангажирање на хигиеничарски работници два пати неделно).
• Тековно одржување на заеднички простории – куќен мајстор кој се грижи за поправки од помал обем (промена на сијалици, приклучоци, мали молерски работи и сл.) и истиот е должен да изврши проверка на објектот три пати месечно – редовна контрола на заедничките простории. Доаѓањето на мајсторот е вклучено во редовното техничко одржување и не се наплаќа дополнително.
Секој станар доколку забележи било каков проблем во заедничките простории (прегорена сијалица, застанат лифт и сл.) е должен да пријави кај Станбен Управител ДООЕЛ на 02/6147-900.

РЕДОВЕН И РЕЗЕРВЕН ФОНД на објектот опфаќа:
• За редовно одржување на заедничките простории во зградата (лифтови, парно греење, водовод,електрични инсталации) Управителот склучува договор со трето лице кое е лиценцирано за вршење на одредена дејност. Договорот со трето лице се склучува со прибирање на понуди од определен број понудувачи. Изборот на најповолна понуда го вршат Управителот заедно со членовите на надзорниот одбор именувани од собирот на сопственици.
• Станарите задолжително формираат резервен фонд во согласност со Правилникот издаден од страна на Регулаторна комисија за домување. Средствата од резервниот фонд можат да се користат само за трошоците за одржување и подобрувањето предвидено со планот за инвестиционо одржување на станбената заедница, кој го прави Управителот во соработка со станарите,а се однесува на зголемување на вредноста на објектот (промена на фасада, промена на ел.инсталација и сл).

БАРАТЕ УПРАВИТЕЛ???
Вашата зграда сеуште нема управител?!??
Не сте задоволни од сегашниот управител?!??
Вашата зграда е темна,нечиста и со нарушени меѓусоседски односи?!??
*Oдговорот е едноставен - СТАНБЕН УПРАВИТЕЛ!!!

-Секогаш достапни
-Брзо реагираме на секое јавување
-Нашето работење е потполно транспарентно и без скриени трошоци
-На секоја зграда и посветуваме целосно внимание
-Затоа што имаме искуство
-Знаеме како со помалку трошоци да постигнеме поголем квалитет на одржувањето
-Затоа што сме стручни и ја сакаме нашата работа!!!

Како може да добијам понуда за управување со зграда?
Пратете ни мејл на stanbenupravitel@gmail.com или едноставно јавете се на 02/6147-900 со следните податоци:
http://stanbenupravitel.com.mk/%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80/


повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи