Сити-Бетон

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаДостава

  • Адреса: с.Горно Коњаре (Магистрала Куманово-Табановце)
  • Место: Куманово
  • Оддалеченст: ≈7508 км
  • Локација: поранешна ЗИК фарма за свињи

  • Телефон 2: 071 211995
  • Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 17:00
    Саб од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/54e6b0a0f8d9a8273921f360ab9e15d9.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Дозволете да Ви ја претставиме новата линија на производи од бетон, која е ЕДИНСТВЕНА во Македонија. Единственоста на нашите производи резултира од патентираната технологија и нашата ориентација за што поголем квалитет, јачина и долг живот на производите.

Нашата компанија Ви нуди комплетирана програма на бетонска галантерија која е во можност да ги задоволува до најголема мера Вашите потреби за поплочување и декорирање на Вашите екстериери. Што се однесува на технологијата, таа е автоматизирана и приспособена за постигнување на квалитет и особини на производите кои се во согласност со новите европски стандарди од оваа област.
Облиците на нашите продукти можат да формираат извонреден број на модели кои се специфични, многу интересни и сигурно Ве оставаат импресирани. Овие форми, заедно со моделите, се дел од системот којшто е познат под името Strafix Modular System.

Овој систем функционира така да сите производи, метафорички кажано, се совпаѓаат како да се една фамилија, оттука и произлегува големиот број на модели а со тоа и големиот избор што ќе го имате ако се одлучите да бидете наши партнери и потрошувачи.

Оваа линија на производи, што кај нас се познати како бекатон плочки, е само една линија од нашата производствена програма.
Јачината на нашите производи е МБ 45, инаку зависно од вашите потреби и нарачки таа може да стигне и на МБ 70.

Понатаму, за заобиколување и комплетирање на вашите површини ви нудиме рабници и палисади со квадраста и округла форма. Каналетките се истотака дел од нашата производствена програма со ко мислиме дека е дограден нашиот производствен интегритет.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи